Што ќе се случи ако се измешаат куркума и црн пипер? Чудо од смеса која ќе ве заштити од секаква болест (РЕЦЕПТ)

И црниот пипер и куркумата се многу здрави и популарни зачини кои се користат за подобрување на вкусот и бојата на храната.

Куркумата се користи како лек за различни здравствени состојби, како ревматоиден артритис, кардиоваскуларни заболувања и деменција.

Loading...

Но зошто би додале црн пипер во вака здрав зачин?

За лековитите својства на куркумата е одговорна состојката што ја содржи: куркуминот. Проблемот е што куркуминот не се апсорбира добро во организмот. За да се реши овој проблем, се додава црн пипер.

Црниот пипер содржи состојка наречена пиперин, која кога се соедини со куркуминот, ја зголемува неговата апсорпција за зачудувачки 2000%.

Постојат две теории според кои се објаснува на кој начин пиперинот делува. Според првата, пиперинот го забавува распаѓањето на куркуминот во црниот дроб, а со тоа доаѓа до зголемување на неговото ниво во крвта.

Според втората, пиперинот ја олеснува и овозможува апсорпцијата на куркуминот преку цревниот ѕид во крвотокот.

Како резултат на оваа комбинација се зголемуваат здравствените ефекти на куркумата:

-се подобрува варењето на храната, ја зајакнува активноста на дигестивните ензими во желудникот.

-комбинацијата има антиинфламаторни својства кои го намалуваат воспалението во цревата.

-има аналгетско дејство.

-го подобрува здравјето на кардиоваскуларниот систем.

-лекување и спречување на рак.

Кога оваа комбинација ќе се помеша со масло (маслиново или кокосово или некое друго ладно цедено), куркуминот може да биде апсорбиран директно од крвотокот преку лимфниот систем, така што, на овој начин се “прескокнува” црниот дроб.

Впрочем, во Индија, куркумата се користи заедно со црн пипер и масло.

РЕЦЕПТ ЗА ЧУДО СМЕСА

Потребни состојки:

50 г куркума
5-6 полни лажици мед
5-6 лажици маслиново масло
3 лажици црн пипер
3 лажици чили

Постапка:

Добро измешајте ги сите состојки додека да добиете еднолична смеса. Лековитата смеса складирајте ја во стаклена тегла и чувајте ја во фрижидер.

Употреба: Секое утро по една мала лажичка.

Смесата може да се додава во чај или млеко, полека да се растопи во устата или да се испие со чаша топла вода.

Loading...