Ако боледувате од синдром на полицистични јајници, веројатно сте доживеале различни промени во организмот, од кои една најдрастично се истакнува, а тоа е промена на телесната тежина.

-Појава на акни, како и промени во телесната тежина предизвикани од зголемен тестостерон во организмот: Еве како синдромот на полицистични јајници влијае врз вашиот организам.

Тестостеронот е поврзан со висока отпорност на инсулин, а поради тоа многу лесно се таложат несаканите килограми, особено на стомакот. Тоа лесно ќе ве доведе и до дијабетес, ако не сте доволно внимателни при изборот на намирници кои ги внесувате во својот организам.

За да го спречите тоа, би требало почесто да го проверувате шеќерот во крвта и да додавате цимет во вашата исхрана. Освен тоа, внимателно одбраните зачини може да помогнат при балансирање на нивото на шеќерот во крвта.

Можно е докторот да го препорача суплементот инозит, кој е сличен на витамин Б, а кој го намалува нивото на тестостерон, како и нивото на отпорност на инсулин, што директно влијае врз регулирање на телесната тежина. Освен овој лек, може да помогне и метформин, кој ја подобрува работата на црниот дроб, за да не се произведува вишок шеќер.

Жените со синдром на полицистични јајници имаат чести промени на расположението и најчесто се депресивни. А со оглед на тоа што депресијата директно влијае врз промената на телесната тежина, можна е појава на несакано дебелеење, првенствено поради намалена физичка активност и нездрави оброци.

Ако мислите дека патите од депресија, навремено посоветувајте се со вашиот доктор за да не дојде до влошување на психофизичкото здравје.

Со синдромот на полицистични јајници вашиот метаболизам е поуспорен од вообичаено, а внесот на калории е помал во однос на жените кои се здрави и немаат ваков проблем. Секој вишок кој ќе го внесете го зголемува ризикот од дебелина. Затоа за време на диетите се случува вашиот организам постојано да е гладен, дури и веднаш после оброкот. Затоа се препорачува внес на чиа семе, спанаќ и кељ, омега 3 масни киселини, туна и лосос.

Освен тоа, со вежбање пред јадење може да го забрзате метаболизмот. Кога вежбате, им овозможувате на мускулите да го сочуваат шеќерот, со што се намалува нивото на инсулин и се забрзува процесот на согорување. Се препорачува физичка активност од 90 минути пред оброк и после него.

Со синдром на полицистични јајници се јавува и нов проблем: што и да изедете, имате чувство дека тоа автоматски се лепи за вашиот стомак, задник или нозе. А потоа ви се чини невозможно да ослабете.

Кога наутро ќе се разбудите, вашиот организам би требало да започне со трошење на енергија, се до следниот оброк. А ако имате синдром на полицистични јајници, ова не е лесно – ќе ви бидат потребни двапати повеќе енергија за да согорите се’ што сте изеле.

Бидејќи постои дисбаланс на хормоните кои го регулираат апетитот, како што се лептин и грелин, вие чувствувате глад и кога храна воопшто не ви е потребна, не се чувствувате доволно сити и кога ќе изедете доволно храна.

Тоа е особено проблематично кога имате вишок килограми и сакате да се ослободите од нив. Меѓутоа, имаме совет за вас: пијте доста вода пред оброк, за да го измамите желудникот и да изедете онолку колку навистина ви е потребно.