Воспаление на белите дробови може да се препознае според овие симптоми:

Висока температура која не може да се намали, ниту со лекови наменети за вакви состојби. Дишењето е плитко, лицето чувствува недосиг на воздух, не може да ди-ше длабоко. Пулсот се забрзува, кр-вниот притисок паѓа. Се појавува како притискачка б олка во гра-дите. Слабост и поспаност, летаргија. Длабока кашлица, зелен спутум.

Воспалението на белите дробови обично се јавува неколку дена после грип или вирус, кога малаксаноста и кашлицата се зголемуваат. Понекогаш се случува пневмонијата да се појави и без висока температура, само со општа слабост и изне-моштеност.

Ова значи дека имунолошкиот систем не се бо-рел против инфекцијата. Оваа пневмонија всушност е најо-пасна: болниот го припишува заморот на ст-рес, прекумерна работа, проблеми на работа и не презема ништо во смисла на заштита од развој на болеста.

Воспалението може да го издаде само б олната кашлица, која кога ќе се јави, б олниот мисли дека е обична настинка и се обидува да ја потисне со чаеви и народни лекови. Во овие случаи, задолжителна е посета на лекар и преглед кој ќе ја одреди точната дијагноза и ќе го одреди точниот третман.

Кога веќе знаете дека станува збор за воспаление на белите дробови, еве како да се храните за побрзо да ја вратите силата и да се опоравите брзо и ефикасно:

Јадете 5 до 6 оброци на ден – мали порции. Не јадетесо сила, туку обидете се да уживате во храната. Намалете ја количината на сол за да спречите отекување и полесно да ја отстраните течноста од белите дробови.

Зеленчукот и немасното месо гответе ги на пареа или во сопствениот сок. Многу е важно да се зачуваат хранливите материи и влакна. Немојте да јадете пржена, тешка и зачинета храна.

Домашна супа (Фотографија на Елисавета Георгијовска)

Јадете лесни супи и чорби полни со свеж зеленчук, правете овошни смути со додавање на ореви. Јадете посно месо и риба. Пијте јогурт или кефир кој ќе ги неутрализира негативните ефекти на антибиотиците (за да се заштити микрофлората во цревата, мора да земате дополнителни пробиотици и пребиотици).

Scott Feldstein / Flickr.com

Не пијте ал-кохол или енергетски пијалаци. Овој период не помислувајте да јадете слатки, димено месо, пити и тесто. Пијте многу чиста вода во собна температура. Пијте чаеви направени од камилица, липа, лисја од малина итн.

За да спречите запек предизвикан од антибиотици, направете си компот од слива. Пијте многу чај од ленено семе. Одморајте се колку што е можно повеќе. Овие болести бараат долго лежење и одмор. Не станувајте веднаш при првиот налет на енергија, туку штедете ја силата,а во нормалните физички активности враќајте се постепено и полека.

Билки што лекуваат и ги чистат белите дробови, лекуваат астма, кашлица, бронхитис

ОРИГАНО

Ориганото содржи многубројни витамини и хранливи материи погодни за имунолошкиот систем, но своите примарни погодности се должат на карвакролата и рузмаринската киселина. И двете соединенија дејствуваат на намалување на затнатоста на носот и намалување на хистаминот прочистувајќи го дишниот тракт.

Маслото од оригано одлично може да се користи против опас-ните бактерии, како што е стафилококус ауреус, подобро е од многу конвенционални антибиотици. Ориганото има толку здравствени погодности што секој треба во својот дом да има шише со органско масло од оригано.

ОМАН (Inula helenium)

Големиот оман го користеле уште старите Индијанци за разредување на слузта во белите дробови. Познат е како природен антибактериски агенс кој спречува инфекција на белите дробови. Се препорачува растенито да се раствори во топла вода, но да се кон-сумира и во облик на тинктура.

ЕВКАЛИПТУС

Тој расте во Австралија, и многумина го користат како освежувачка арома, која ги прочистува дишните патишта и ја смирува иритацијата на грлото.

Претставува честа состојка на пастилите и сирупите, а ефикасноста се должи благодарение на соединението по име „cineol“. Цинеолот има бројни погодности. Делува како средство за искашлување, го спречува затнувањето на носот и ја намалува иритацијата на синусите.

Исто така, евкалиптусот содржи и антиоксиданси, што значи дека делува како потпора на имунолошкиот систем.

ЖАЛФИЈА

Листови на оваа билка имаат специфична арома која потекнува од нејзиното етерично масло. Ова масло одлично ги лекува проблемите со белите дробови и вообичаените настинки. Чајот од жалфија претставува традиционален лек за б олното грло и кашлицата. Богато е со ароматски својства на тујон, камфор, терпен и може да се користи за инхалација.

СЛАДОК КОРЕН

Маслото од сладок корен е едно од најпопуларните во светот за третирање на белите дробови. Традиционалната ки-неска медицина го користи слаткиот корен во своите формули повеќе од која било друга билка.

Слаткиот корен ја смирува и ја омекнува слузокожата на грлото, а особено во белите дробови и стомакот истовремено лекувајќи секаков вид воспалено тикво на кое му е потребна поддршка од имунолошкиот систем. Ја намалува иритацијата на грлото и дејствува како срество за искашлување.

Токму соединенијата од оваа билка се одговорни за искашлување на слузта од респираторниот тракт, така што телото може полесно да ја исфрли.

Соединенијата од коренот ги намалуваат бронхијалните гр-чеви и ги бло-кираат слободните радикали кои го создаваат воспалението овозможувајќи полесен проток на воздухот. Овие соединенија исто така имаат антибактериско и антивирусно дејство поради што се одличи во бор-бата против инфекциите во белите дробови.