Фото и рецепт: Сузана Митиќ

Потребни состојки: 500 г шеќер, 200 мл вода, 250 г маргарин/путер, 250 г млеко во прав, 100 г сечкани кикирики, 100 г сечкани ореви, 100 г лешници, 100 г суво грозје. За глазура: 200 г чоколадо и 6 лажици масло.

Постапка: Густо сварете го сирупот во вода и шеќер. Кога е готов тргнете го од оган, па додадете го путерот ситно исечкан на листови. Промешајте за да се растопи. Додека мешате постепено додавајте го млекото во прав и матете со миксер додека да се изедначи смесата.

Потоа додадете сечкани кикирики, ореви, лешници у суво грозје (или суво овошје по ваш вкус). Добиената смеса разлејте ја во намастен калап или обложен со проѕирна фолија, со димензии 30х20 см. Рамномерно распоредете и израмнете.

Чоколадото растопете го на пареа и промешајте го со маслото, па излејте го врз колачот рамномерно. Следниот ден откако ќе отстои во фрижидер, сечете го на коцки, штангли или форми со големина по ваша желба. Колачот е многу вкусен и декоративен.