Доколку некогаш во животот имате гастроинтестинални проблеми, особено со работата на желудникот, пелинот е првата билка по која треба да посегнете, а се препорачува и кај кр-вните болести, кои ова растение успешно ги лекува и прочистува кр-вните садови.

Пелинот (Аrtemisia Аbsinthium) е повеќегодишно растение со светло сива боја, полу-грмушкасто, високо од 60 сантиметри до 1 метар. Младите ластари се ситно свилено-влакнести, а листовите се сиво-свиленкасти и свилено-влакнести.




Има ароматичен, горчлив мирис. Пелинот цвета помеѓу јуни и август, а расте на необработени, запуштени места, покрај патишта, ѕидови, лозја, како и на сончеви карпести падини. Може да се сади во градини и лесно се одржува.

Листовите се берат пред цветање, а при цветањето целото растение, како и горните делови на растението со неотворени цветни глави. И листот и целото растение се сушат под сенка на ветровито место и мора почесто да се превртуваат поради сушење.




Ова растение, дури и да се користело за добивање етерично масло, не смее да содржи дрвенести делови од стеблото или да се бере кога ќе процвета. Коренот на растението се суши и се меле во прав.

свинска маст и пелин во прав

Пелинот секогаш треба да се зема во пропишаните д ози и во одредено време бидејќи содржи тујон, кој доколку не ги почитуваме упатствата и предупредувањата може да предизвика несакани после-дици. Поголеми количини и долготрајна употреба на пелин може да резултираат со главоболки и вртоглавица.




Халу-циногениот пијалак „абсинт“ не е случајно именуван, туку токму поради тоа што неговата главна состојка е пелинот, кој му ги дава овие својства. Денес, оваа употреба на пелинот е забранета. Пелин не треба да се пие доколку постои ризик од мозочен у-дар, оште-тување на желудникот и орга-ните, како и истовремено земање cyплементи поради недостаток на железо.




Не смеат да го земаат деца или луѓе кои имаат проблеми со чир на желудникот, а не се препорачува да се конcyмира подолго од 7 дена. После тоа треба да се направи пауза од седум дена, па може да се повтори терапијата. Во никој случај не се препорачува за трудници, ниту пак за доилки затоа што може да го загорчи млекото.

Се препорачува и за б олна менcтpyација. Во народната медицина со пелин се подготвуваат разни лековити препарати од вино до ракија, кои успешно ги чистат цревата од разни паразити, како и пелин во прав, измешан со суви сливи.




Во западната народна медицина, пелинот се користи за лекување на дигестивни проблеми, воспаленија, треска, пролетен замор, дигестивни болести и хроничен запек, грчеви во стомакот, аменореја, артритис, дијабетес и многу други болести. Се користи како хомеопатски лек за епилепcија, болести и нару-шувања на нepвниот систем.




Пелинот се користи и за поттикнување апетит, за чистење на кр-вта, против цревни паразити, за поттикнување на циркулацијата и функцијата на цревата и за недостаток на витамин Ц, но и како зачин. Лековити растенија кои одлично одат и можат да се комбинираат со пелин се жалфија, нане, ајдучка трева, коприва, кантарион…




Методот на д-р А. Огулов, кој вклучува чистење на телото со пелин, стана исклучително попyларен во Русија и Украина. Пелинот ги уни-штува сите инфекции во организмот, го обновува метаболизмот, како резултат на што телесната т ежина се нормализира.

За време на третманот со пелин, препорачливо е да се воздржите од масна и храна богата со протеини, шеќери и слатки, ал-кохол, кафе и намирници кои содржат квасец. Забрането е и јадење мандарини и кисели краставички. Овој третман со пелин започнете го само ако не сте алергични на него.




Сувиот пелин се голта сув, а од него може да се подготват бањи кои служат за детоксикација. Вака земениот пелин ќе помине низ сите делови на гастроинтестиналниот тракт.

Доколку ви е тешко да јадете пелин на овој начин (бидејќи е исклучително горчлив), можете да го измешате со џем од сливи или да го ставите на парче леб. Шема за чистење на телото на Огулов. Ден 1: земете сув и иситнет пелин, ставете го и испијте со чаша вода. Се зема трипати на ден, половина час пред јадење.




Ден 2: Земете 1 грам пелин трипати на ден, исто така со чаша вода. На 3 и 4 ден се зема пелин исто како и вториот ден. На 5 ден земете 1/3 лажица наутро на празен стомак.

Следните 7 дена земете третина од лажичка пелин на празен стомак, а потоа направете пауза една седмица. По земањето пелин и завршување на терапијата, пијте една шолја топла вода на празен стомак, а потоа малку подизладена вода во период од 1 седмица.