Рецепт на Драгана. Ова тесто се прави и се пакува во кеса, па се остава во фрижидер. Секојпат кога ќе се постави прашањето: „Што сега да правам?“, брзо се наметнува одговорот. Пригответе го ова тесто и ќе имате речиси готово јадење кога ќе се враќате од работа во текот на работната седмица…




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 кг брашно, 2 јајца, 3 лажици масло, 500 мл јогурт, 1 коцка свеж квасец (40 г), 1 кесичка прашок за печиво, 200 мл млеко, малку сол и шеќер (за послатки теста ставете повеќе шеќер)

лиснато тесто




ПОСТАПКА: Во еден сад изронете го квасецот, па растворете го со млака вода, Додајте лажичка шеќер и две лажичќки брашно, па промешајте додека да се соединат состојките во мазна смеса без грутчиња. Оставете на топло место без провев, 5-10 минути додека да запени и да се активира.




Во поголем сад за месење ставете го брашното, во средината направете вдлабнување како бунарче, па во него истурете го стасаниот квасец, јогуртот и јајцата отстојани на собна температура, масло, малку сол од страна и прашок за печиво.




Ниедна од состојките не смее да биде ладна за време на замесувањето, а просторијата во која се меси по можност да биде топла и да нема провев. Добро замесете ги состојките додека сето брашно да се впие и да се добие убаво, мазно тесто кое не се лепи на рака.




Земете една чиста кеса која претходно не била употребувана, па од внатрешната страна намастете ја со масло. Истресете го измесеното тесто во кесата, па цврсто врзете ја со гyмичка.




Вака спакуваното тесто ставете во некој пластичен сад или чинија, па сместете го во фрижидерот на некоја од средните полици. Потребно е да отстои најмалку два часа пред првата употреба.




Ова тесто може да стои во фрижидер и до седум дена, до тој период квасот има шеќер со кој се храни и го одржува тестото. Од него можете да си вадите по потреба и да правите кифлички, пици, пастрмајлии, лепињи, плетенки, разни печива солени или слатки.




Кога ќе ви дојдат гости, ова тесто може да ви послужи како убаво изненадување, па само извадете дел, формирајте тесто како за пица, исечете го на лентички, премачкјате одозгора со жолчка и наросете сусам, ким, крупна сол и слично, па испете во претходно загреана рерна на 200 степени додека убаво да заруменат.