Сите што го пробале овој десерт го опишуваат како „нешто најдобро што ќе некогаш пробале“. Потекнува од Италија, а носи ист назив како и популарната салата „капрезе“. Во оваа торта нема брашно, и иако се нарекува торта, сепак потсетува на чајниот „сув“ чоколаден колач.




Нека не ве лаже нејзиниот едноставен изглед, зошто кога ќе ја пробат ќе се сложите дека ништо повкусно од неа не сте пробале. Наместо пченично брашно се користи бадемово брашно добиено од лупени бели бадеми, а кое може да се набави од продавници за здрава храна. Во недостиг на вакво брашно, едноставно сомелете сирови, претходно истостирани и изладени бадеми. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 115 г црно чоколадо (70%), 15 г путер, 170 г бадемово брашно (мелени бели-излупени бадеми), 1 лажица скроб/нишесте/густин, 3 јајца, 115 г шеќер, 2 лажици ликер по ваш избор (не мора), шеќер во прав за декорација. Сите состојки треба да бидат на собна температура.




ПОСТАПКА: Вклучете ја рерната да се загрева на 180 степени. Калап за торти со пречник 20 см намастете го и набрашнете го или обложете го со хартија. Чоколадото искршете го на коцки, додајте го путерот, па растопете ги во микробранова печка или на пареа додека да се соединат во чоколадна, мазна смеса.




На страна во брашното од бадеми додајте една лажица скроб/нишесте и промешајте. Во посебни садови одвојте ги белките од жолчките. Белките пенасто изматете ги и во текот на матењето додајте 2 супени лажици шеќер. Кога ќе добиете цврст снег, тргнете го настрана или во фрижидер, додека ги матите жолчките.




Потоа пенасто изматете ги жолчките со остатокот од шеќерот. матете додека тој да се растопи, а жолчките да се згуснат и побелат. Во матените жолчки додајте ја мешавината од растопен путер и чоколадо, па промешајте со лажица или шпатула додека да се изедначи.




Потоа додајте го бадемовото брашно, па повторно промешајте со шпатулата додека да изедначи целата смеса. Најпосле, додајте го снегот од белки. Мешајте внимателно со превртување на смесата од долу кон горе. Смесата треба да остане колку може повоздушеста и пенлива за да биде колачот мек.




Добиената смеса излејте ја во претходно подготвениот калап за торти и ставете да се пече во загреаната рерна околу 35-40 минути. Првата проверка направете ја на 35 минути, па доколку чепкалката излезе сува, значи дека е печено. Оставете да се олади, а потоа наросете шеќер во прав. Деталите погледнете ги во видеото ОВДЕ.