Сите сме воодушевени од овие колачиња. Тие се толку лесни за правење, а резултатот е дека се многу украсни и вкусни закуски. Кога еднаш ќе ги направите, сите ќе останат воодушевени.




Потребни состојки: 200 мл вода, 150 г шеќер, 200 г путер или маргарин, 200 г млеко во прав, 200 г мелен кокос, 4 лажици мелени бисквити, 1 лажица какао, 100 г бело чоколадо, 100 г темно чоколадо, хартија за печење или фолија.




Постапка: Сварете шеќер, вода и путер. Тргнете од оган и брзо измешајте ги млекото во прав и кокосот. Додајте ги бисквитите и убаво измешајте (можете и со рака) и тестото поделете го на два еднакви делови.




Во едното тесто ставете какао и 100 г стопено темно чоколадо, а во другото 100 г стопено бело чоколадо. Оставете ја смесата да се излади (да не се стегне), со помош на оклагија развлечете го белиот дел на хартијата за печење, на другата хартија за печење развлечете го темниот дел и потоа преклопете ги тестата едно врз друго.




Поминете уште еднаш со оклагија за да ги споите краевите. Исечете ленти широки околу 1 см. Потоа лентите се тркалаат и се завртуваат на рамна површина за да се направат шари. Се сече на помали парчиња и се тркалаат во кокос. Оставете ги колачињата во фрижидер да се стегнат.




А може да ги направите и овие вкусни стапчиња – ЛЕДЕНИ СТАПЧИЊА. Потребни состојки: 350-400 г брашно, 10 г свеж квасец, 300 мл млеко +-, 125 г путер, 1 жолчка. За премачкување и поросување: 1 белка, кристал шеќер.




Постапка: Разматете го квасецот во шолја топло млеко, додајте 1 лажиче шеќер и брашно. Поклопете и оставете на топло место да се удвои. Пенесто изматете го путерот со жолчката, додајте брашно и приготвениот квасец, па замесете тесто. Ако е потребно, додајте уште брашно.




Тестото покријте го и оставете во фрижидер да одмори преку ноќ. Следниот ден развлечете кора со дебелина од 0,5 см, па сечете ленти. Премачкајте ја целата површина со изматена белка и наросете кристал шеќер.




Стапчињата редете ги во плех обложен со хартија за печење. Можете и некое стапчи да го усучите или да го свиткате како полжав, по желба. Печете на 180 степени околу 20-тина минути.