ПОСНИ ЛЕПИЊИ НА ВОДА, се печат по 1 минута од страна, без чекање и без квасец. Рецепт на Шерпица Рецепти. Многу вкусни печива кои може да ги јадете наместо леб, ако постите на масло, може да ги пржите во него, а на вода се прават вака.




Одат со сè, со варени и печени јадења, идеални се за мачкање на намази, да ги полните со салати или да ги мачкате со џем или шеќер, во тој случај не се ставаат зачини во тестото.




Веднаш се печат, не се чека тестото да порасне. Излегуваат одлични и без квасец, а може да стојат до 2-3 дена. Јас понекогаш правам и поголема количина и ги јадеме наместо леб.




Потребни состојки: 500 г брашно, 350 мл млака вода, 1 кафена лажичка сол, 1 лажичка шеќер, 1 лажичка лук во прав (по избор), 1 лажичка суви листови од јаглика-сомелени (по избор), 2 лажички прашок за пециво, малку црн пипер.




Постапка: Во еден сад ставете ги сувите состојки почнувајќи од брашното. Потоа додајте ја солта, шеќерот, лукот и останатите зачини доколку ги правите солени. Додајте го и прашокот за печиво.




На крајот се прелива со млака вода и се замесува со раце. Тестото треба да биде меко и нелепливо. Веднаш се развлекува со оклагија. Кога ќе го развлечете, свиткајте го како палачинка.




Вака подготвеното тесто кое личи на ролат исечкајте го на помали ролатчиња. Секое од ролатчињата се развлекува посебно со оклагија со големина отприлика како тацна за кафе. Загрејте едно нелепливо тавче и печете ги овие печива по 1-1 и пол минута од страна, па свртете на другата страна и печете исто време.




Пред превртување на другата страна ќе забележите дека по страните почнале да се прават како балончиња. Додека се уште топли и свежо печени, покријте ги со крпа да се парат уште некое време и да бидат уште помеки.




Напомена: Можете да ги направите неколку одеднаш и да ги користите во следните 2-3 дена. Можат и да се загреат, во рерна или во тава, покриени. Ако постите на масло тогаш може да ги пржите во малку масло.