ШАРЕНИ ПАЛАЧИНКИ-најубавата смеса на свет, после овој рецепт ќе станете мајстор за палачинки. Рецепт на Виолета од каналот Летина Кујна. Многу вкусни палачинки со прекрасен декоративен изглед. И смесата лесно се подготвува, а брзо.

Нема кој не ги сака палачинките, а со оваа декорација тие изгледаат уште повкусно и имаат поубав изглед. Покрај тоа, декорацијата не одзема многу време, ќе ви покажам како се подготвуваат подолу во текстот.

На овие палачинки ќе се израдуваат најмладите членови на семејството, но и возрасните – бидејќи нема кој не ги сака. Потребни состојки: 3 јајца, 50 мл масло, прстофат сол, 400 мл млеко, 200 г брашно, 2-3 лажици какао и едно помало шише.

Постапка: Во поголема вангла скршете ги трите јајца и изматете ги со жица-маталка. Додајте го маслото и прстофат сол. Овие палачинки најчесто ги јадеме благи, но може да се јадат и солени. Без разлика, при подготовка на смесата за палачинки секогаш додавајте прстофат сол.

Додајте го млекото, промешајте ја смесата и постепено додавајте го брашното додека постојано матите со жицата за да не се формираат грутки. Земете едно помало пластично шише и ставете инка на отворот.

Во шишето додајте го какаото и потоа додајте 2-3 кутлачи од смесата. Затворете го шишето со соодветното капаче и протресете го за да се измешаат состојките и да се добие чоколадна смеса. Потоа повторно отворете го и додајте уште 1 кутлача од смесата и повторно протресете го затворено.

На капачето направете дупче и печете ги палачинките во специјално, нелепливо тавче. Пред секое додавање на палачинките намастувајте го тавчето со хартија на која сте ставиле масло. Никогаш не ставајте директно масло на тавчето бидејќи палачинката ќе излезе премногу мрсна и нема да се испече убаво.

Најубаво се пече доколку тавчето е малку подмачкано. Ринглата се вклучува на најјако да се загрее, а потоа се намалува за еден степен при печење на палачинките. На пример, кај мене најсилна температура на ринглата е број 6, а палачинките ги печев нешто измеѓу 5 и 6, но и 5 е сосема доволно.

Начин на печење на палачинките: Го намастувате тавчето и со шишето преливате од чоколадната смеса во форма на спирала, значи почнувате од средина и правите кругови додека го опфатите целото тавче.

Оставате чоколадната смеса да се испече 10-тина секунди, а потоа преливате половина или една кутлача од белата смеса и печете вообичаено, во зависност од големината на тавчето. Палачинките се печат од двете страни по 1 минута додека убаво да заруменат.

Исто така, конзистентноста на смесата за палачинки изгледа како и досега што сте ги подготвувале, не треба да биде многу густа, знаат искусните домаќинки, но сигурно виделе и оние кои се почетници во кујната.

Деталите од целата постапка погледнете ги во видеото ОВДЕ. Не пропуштајте да го погледнете и одличниот рецепт на Домашен Готвач – ОВДЕ.