Рецепт и видео прилог на Мои Домашни Рецепти: Туршија без конзерванси

Брза и едноставна постапка, а добивате вкусна и многу здрава без конзерванси. Од 2,3 кг зеленчук добивате седум тегли полни со витамини и минерали.

Потребни состојки:

800 г краставици корнишони
500 г морков
500 г карфиол
500 г црвени пиперки

во секоја тегла:

1 лажичка шеќер
1 лажичка сол
30 мл бел оцет
врела вода по потреба

Постапка:

Зеленчукот убаво измијте го и исцдете го од водата. Краставичките исечете ги на тркалца, без да ги лупите. Морковите исчистете ги па и нив исечете ги на тркалца.

Карфиолот разделете го на помали цветчиња. Од црвените пиперки отстранете ги петелките и семето, па исечете ги најпрво на филети, па на коцки. Целиот зеленчук убаво измешајте го, па со мешавината полнете ги теглите (вкуспно 7 тегли од оваа количина).

Во секоја тегла ставете по една лажичка шеќер и сол и по едно мало филџанче (30 мл) алкохолна киселина 9% Во тенџере ставете вода да зоврие, па полнете ги теглите додека зеленчикот да биде прелиен до врв. Веднаш затворајте ги теглите со метални капаци.

Превртете ги наопаку, покријте ги со ќебе и оставете ги така да преноќат додека целосно да изладат. Откако ќе поминат седум дена, салатата може да се послужи. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото:

https://youtu.be/t19NEJdhLuU