Ќе ви претставиме неколку рецепти кои можете да си ги запишете, па кога ќе има млади зелени ореви да си направите серум и да ја зајакнете вашата коса.

Оревот е единствена билка и неговите благодети за човекот се непроценливи. Модерните нутриционисти препорачуваат секојдневно добро да се џвакаат 3-4 ореви за зголемување на хормонската активност, за обнова на клетките, за неутрализација на токсините, за враќање нс менталните и телесните активности.

Сите делови од оревот се лековити, и листовите и младите зелени плодови, а подоцна и старите со јатка, па дури и тврдата лушпа на оревот е лековита.

РЕЦЕПТ 1: наберете зелени ореви, исечете ги на половинки или четвртинки, наполнете ја теглата до половина и прелијте ја и дополнете ја со маслиново масло.

Вака оставете да отстои 40 дена, на топло, но да не е изложено директно на сонце. Потоа се процедува, оревите се фрлаат, а лековитото масло се складира во стаклено шише со тапа. Се користи за масажа на темето, по што се завиткува главата околу половина час, пред миење.

РЕЦЕПТ 2: Мали совети од авторката Деа Олуп: 10 зелени ореви (а може да зголемите и на 15) и половина литар маслиново масло. Оревите изрендајте ги или ситно исечкајте ги, а потоа прелијте ги со маслиново масло и оставете така да отстои 10-15 дена.

После овој период процедете го маслото. Никако не смее на сонце да стои маслото, бидејќи тоа ќе “ужегне” и ќе се расипе.

РЕЦЕПТ 3: (За штитна жлезда и опаѓање на косата предизвикано поради пореметување на штитната жлезда). Во половина килограм мед ставете 30 зелени оревчиња пресечени на половина или четвртинки, а потоа оставете да отстои, 2-3 недели.

Консумирајте по една лажица дневно, секое утро. Овој природен лек е наменет за регулирање на штитната жлезда (при недостиг на јод) и обновување и јакнење на косата.