Сензационално откритие – дали е пронајден лекот за рак?

Научниците од Центарот Фред Хачинсон за истражување на карцином – откриле нов, револуционерен метод за лекување на акутна лимфобластична леукемија – објави британското списание Independent.

Овој метод се’ уште е во фаза на истражување, но резултатите даваат надеж дека лекот за една од најтешките болести на денешницата – наскоро би можел да биде во употреба.

Оваа терапија ги користи сопствените имуно-клетки за напаѓање на метастазите на ракот. Лекарите ги третирале Т-лимфоцитите, вид на бели крвни зрнца, со помош на посебни молекули, за да им овозможат препознавање и напад врз клетките на туморот.

Loading...

Вака третираните молекули, познати како химерни антиген рецептори, се добиени од специјално одгледани генетски модифицирани глувци, а потоа вратени во телото на пациентот преку инфузија.

Причина за надеж е тоа што овие експерименти дале одлични резултати. Дури 94% од учесниците во ова клиничко истражување, после ваквата терапија немале повеќе ниеден​симптом на леукемија.

Еве ја изјавата на Д-р Стенли Ридел:

Уште една работа која ова откритие го прави многу важно е тоа што овој процент на успешно лекување е остварен врз пациенти кои биле во последен стадиум од болеста и на кои лекарите им предвидувале два до пет месеци живот.

-Вакво нешто не е никогаш забележано во медицината​– да се добијат вакви резултати кај пациенти кај кои болеста замала голем замав. Сепак, пред нас стои долг пат до конечното решение – изјавил Стенли Ридел, водител на истражувањето.

Ова откритие потенцијално би можело да доведе и до напредување во лекувањето, па конечно и за добивање на лек за некои други облици на карцином.

Сепак, научниците предупредуваат дека се’ уште не е време за славење, бидејќи некој од пациентите доживеал токсична реакција и починал.

Loading...