Според изгледот потсетува на житарица, а се подготвува и на ист начин, но ова е всушност семе од фамилијата треви и се смета за една од најздравите псевдо житарици.

Семејството Ѓоковиќ посветува големо внимание на исхраната, и поради фактот што Новак е професионален спортист (и, би додале, најдобриот тенисер во историјата на овој спорт), но и поради општата здравствена состојба и стекнувањето здрави навики во семејството.

Јелена Ѓоковиќ неколку пати споделуваше детали за семејната исхрана и откри неколку интересни рецепти, како и фотографии кои сведочат за нивното ужи-вање во даровите на природата, а најчесто имаме можност да ја гледаме токму оваа житарица во нивните чинии.

„Има многу одлични идеи! Салатата со киноа е супер вкусна. Малку киноа, многу зеленчук … и полн стомак“, напиша сопругата на тенисерот во описот на една фотографија од нејзиниот здрав оброк.

Моќното киноа се користело во исхраната во Јужна Америка со милениуми, поради што често се нарекува „древно семе“, но честопати ќе слушнеме дека се нарекува псевдожитна култура поради фактот што се подготвува исто како и другите житарици, а многумина веруваат дека припаѓа во нивната група.

Оваа здрава намирница е позната и како „мајка на сите житарици“, и постојат неколку видови на киноа, од кои најчеста е црната, црвената и белата боја. Отако ќе прочитате, ќе ви стане јасно зошто ја нарекуваат – најздрава житарица.

Киноата е богата со многу минерали како што се магнезиум, манган, железо, бакар, фосфор, цинк, селен, калиум и калциум кои се неопходни за правилно функционирање на човековиот организам. Покрај минерали, содржи и голема количина на витамини и тоа од групата на Б компкес и витамин Е.

Исто така, содржи и голема количина на влакна, па поволно делува врз метаболизмот. Она што е важно да се спомене е дека киноата ги содржи сите осум аминокиселини кои му се потребни на човекот, за разлика од другите житарици кои содржат најмногу три, па поради ова, оваа билка се смета за суперхрана.

ОВА СЕ ЛЕКОВИТИТЕ СВОЈСТВА НА КИНОАТА

Може да го регулира холестеролот. Високата концентрација од влакна која киноата ја содржи, помага за намалување на зголемениот холестерол. Впивачките влакна помешани со жолчната киселина се лачат во телото и го намалуваат лошиот ЛДЛ холестерол. Лицата кои патат од висок холестерол треба да го намалат внесот на животински протеини, а наместо нив да ја воведат киноата која е одлична замена.

ГО КОНТРОЛИРА КР ВНИОТ ПРИТИСОК

Познато е дека калиумот позитивно делува врз кр-вниот притисок. Киноата содржи најмногу калиум од сите останати житарици, а тој одржува здрав баланс помеѓу натриумот во органзмот, што понатаму може да влијае врз намалување на зголемениот притисок.

ПОМАГА ВО СЛА-БЕЕЊЕ

Влакната и протеините кои ги содржи киноата ни даваат енергија, но и го одржуваат чувството на ситост, Покрај тоа, можат да го забрзаат метаболизмот и да ја регулираат работата на дигестивниот тракт.

МОЖЕ ДА ГО НАМАЛИ РИЗИКОТ ОД ДИЈАБЕТЕС

Впивачките влакна кои ги содржи киноата, може да го контролираат нивото на шеќер во кр-вта, а истото е докажано со студии. Благодарение на фенолната киселина, витаминот Е и полисахаридите, се спречуваат несаканите воспалителни процеси кои се поврзани со ризикот од појава на дијабетес тип 2.

КОЈ Е НАЈДОБРИОТ НАЧИН ЗА ПРИГОТВУВАЊЕ НА КИНОАТА?

Многу е важно да се запознаете со основните својства за готвење на киноата, за припремата на разните јадења со неа да ви стане полесна. За почеток најважно е киноата да ја измиете во ладна вода и да ја оставите добро да се исцеди.

Потоа следи варењето, при што соодносот според кој треба да се раководите е следниот, на две шолји киноа за варење да ставите две шолји вода. Измешајте и ставете го садот на оган за да зоврие.

Откако ќе зоврие, намалете ја температурата и покријте го садот. Оставете да си крчка на пониска температура уште 12-15 минути или додека да ја впие целата течност. На крај, тргнете го садот од огнот и готовата киноа оставете ја да се излади, па сервирајте ја или комбинирајте ја соодветно во рецептот кој сте го избрале.