Со векови е позната мешавината од мед и семе од коприва, која се користела како лек за многубројни здравствени состојби. Најпознатата нејзина употреба е за јакнење на имунитетот и чистење на к рвта и организмот воопшто.

Семето од коприва во комбинација со медот може да лекува разни инфекции на уринарниот тракт, а се препорачува и за проблеми со дигестивниот тракт и лошо варење на храната (подување на стомакот, гасови, ждригавица и слично).

Природниот пчелин мед искомбиниран со семе од коприва е еден од природните лекови со најголема концентрација на железо. Овој целосно природен препарат овозможува најголема апсорпција на железото, што е од огромно значење за лекување и превенција од анемија.

Семето од коприва можете да го наберете во природа и да го јадете свежо како додаток на салати, или да го наросувате врз намаз на леб, а можете да го сочувате и да ја приготвите мешавината со мед. Доколку сами не можете да се снабдите со семе од коприва, тогаш истото можете да го набавите од билна аптека.

Кога ќе ја приготвите мешавината, смесата чувајте ја во стаклена тегла која ќе ја завиткате со алуминиумска фолија, а од неа ќе земате по една до две лажички дневно пред јадење. Исто така, можете да ја користите мешавината и како вкусен намаз.

РЕЦЕПТ. Потребни состојки: 500 г природен мед и 100 г мелено семе од корпива. Постапка: пред приготвување на оваа смеса, најдобро е семето од коприва претходно да го сомелете, бидејќи така најдобро се дигестира, но и го нема во устата оној „песоклив“ вкус кој може да го даде.

Во длабок и широк сад наизменично додавајте од двете состојки за полесно да ги измешате. На крај додајте и сок исцеден од еден лимон, па добро промешајте ја смесата за да може убаво да се изедначи. Складирајте ја во стаклена тегла, а после два дена отстојување, можете да започнете со конcyмацијата.

Семето од коприва содржи витамини Ц, Б, Д, Е и К, железо, калиум, калциум, магнезиум, цинк, манган, бакар. Може да се купи од Билна аптека или продавници за здрава храна, а можете и сами да го соберете и да го исушите. Семето се собира во август.

Се користи за јакнење на имунитетот; лекување на анемија и недостиг на железо; лекување на уринарни инфекции; лекување на настинки и против алергиски реакции; има диуретично дество и поттикнува исфрлање на вишок вода од организмот, а се користи и против ноќно мокрење.

Делува благотворно на ендокриниот систем (штитна жлезда); ги јакне забите и коските; лекува кашлица; лекува жолтица; го чисти црниот дроб и к рвта; лекува ревма и артритис; заболена простата и смирување на астма и воспаление на бели дробови.

Семето од копривата има антибактериско и антивирусно дејство, како и медот – кој е еден од природните антибиотици. Лековитоста и благодетите на медот се веќе одамна познати. Покрај својата лековитост, медот е извонреден природен конзерванс, па одлично ќе ги сочува квалитетите на семето.