Селски уштипци без јајца и млеко, вистински домашен вкус на вашата трпеза…Можете да ги јадете со сирење или да ги валате во шеќер…

Еден од прекрасните рецепти кој буди носталгија и потсетува на безгрижното детство. Најмногу сакавме да ги потопуваме во шеќер. Особено добар вкус имаат со џем од сливи.

Со основни состојки кои ги имаме дома, без млеко и јајца, ќе направите идеален појадок или вечера. Децата ќе бидат најсреќни. Сега по ваша желба можете да уживате во овие прекрасни уштипци со крем, сирење, ајвар…

Направете и израдувајте го вашето семејство. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

700 г брашно (јас користам сенаменско брашно)
700 мл млака вода
8 г сув или 20 г свеж квасец
1 лажичка сол
1 лажичка шеќер
масло за пржење

ПОСТАПКА:

1.Квасецот растворете го во 500 мл млака вода и додајте шеќер и малку брашно. Оставете 15-тина минути да се активира и запени. Потоа додајте уште 200 мл вода, брашно и сол, па со лажица замесете меко и лесно растегливо тесто.

2.Покријте го со фолија и крпа и оставете да ферментира додека убаво да го зголеми волуменот. Потоа промешајте го со лажицата и повторно оставете уште 10 минути.

3.Во широко тенџере загрејте длабоко масло (400-500 мл), натопете ја лажицата во маслото, па црпете од тестото и спуштајте. Уштипците пржете ги на умерена температура додека да заруменат од двете страни.

Постапката погледнете ја ОВДЕ.