Лековитите својства на дивиот костен потекнуваат од неговиот уникатен хемиски состав.

Семето содржи тритерпен сапонини, танини, витамин Ц, витамин К, витамин Б1, кумарински гликозиди, ескулин и фрактин. Кората содржи танини, ескин, ескулин, фрактин, витамин Б1.

Лисјата од див костен се богати со каротеноиди (провитамин А), пектини, гликозиди, ескулин и фрактин. Цветовите содржат голем број на флавоноиди (рутин), слуз, танин и пектин.

Поради комбинацијата на моќните гликозиди – ескулин, фректин и ецин – заедно со витамини и други супстанции, дивиот костен покажува многу корисни и уникатни својства.

Токму поради тоа, дивиот костен се експлоатира во официјалната медицина и од него се приготвува екстракт кој влегува во составот на разни фармаколошки препарати – венопротективни, венотонични, антитромботични, антиинфламаторни и препарати за подобрување на микроциркулацијата во вените.

„Кога станува збор за дивите костени, секогаш си спомнувам на еден случај од мојот живот кој се случи многу одамна, пред 30-тина години. Секоја година подготвувам маст од разни билки за paни, изгopeници, cмpзнатини, според рецептот на баба ми, кој вклучува див костен.

Овој рецепт постои во семејството на баба ми и се наследува од генерација на генерација, во чија моќ сите ние, и наши блиски луѓе и пријатели, сме се увериле многупати.

Еден мој пријател имаше опepaција на ногата поради длабок апцес. Paнатa беше навистина длабока и се дренираше, но многу брзо загнои и имаше воспаление. Му се зголеми температурата и ги имаше сите знаци на интокcикaциja.

Се одлучив да му помогнам, па ја понесов теглата во болница. Пријателот го викна лекарот и го убеди дека препартот е приготвен од фармацевт под асептични услови, па лекарот се согласи и изврши апликација. Маста веднаш делуваше и веќе следниот ден имаше подобрување”, раскажува читател.

Тинктура од див костен. Прво, кафеавата лушпа се лупи како компир. Излупете го дивиот костен, ставете во силен блендер или преку мелница за месо, измерете 100 грамови и прелијте со 1 литар вотка.

Секојдневно протресувајте ја теглата и чувајте ја на темно и ладно место 7 дена. Употреба: Земете 15 капки растворени во вода пред јадење, три пати на ден.

Контpaиндикации за употреба на див костен: бременост, доење (лактација), слаб к pвен притисок (хипотензија), сериозни заболувања на црниот дроб и бубрезите, откажување на бубрезите, цревна атонија со запек, деца под 12 години, нарушување на менcтpyалниот циклус.

Тромбоза. За да го подготвите лекот, потребни ви се 30 г цвет и плод од див костен кои треба да се сомелат и да се потопат во 300 мл чист медицински алкохол и да отстојат 7 дена со повремено протресување. Потоа се процедува и се конcyмира пред јадење секој ден, 3 пати по 30 капки.

МАСЛО ОД ДИВ КОСТЕН – Потребни состојки: 60 г сув плод од див костен и 250 мл маслиново масло. Постапка: дивиот костен исчистете го од надворешната темнокафеава кора и исушете го на суво место.

Потоа сомелете го во прав. Добиениот прав од див костен измешајте го маслиновото масло и добро протресете го додека да се изедначи. Со ова масло мачкајте ги зафатените места 2-3 пати дневно, во текот на 7-10 денови. Потоа направете пауза од 3-4 дена и повторете ја постапката.

Рецепт со див костен во ракија – употреба за хемороиди. Како едно од најдобрите природни средства за лекување на хемороиди се препорачува мевлем од див костен.

Може да се купи готов мевлем, но можете да си го направите и сами во домашни услови, бидејќи ефектите се доста поголеми.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 30 плодови див костен и 500 мл коњак. ПОСТАПКА: Измиените костени треба да се изрендаат и да се стават во стаклена тегла. Бидејќи се многу цврсти, ова е многу тешко да се направи, па или ставете ги во некој електричен и моќен блендер за да ги иситните, или завиткани во крпа искршете ги и здробете ги со чекан.

Прелијте ги со коњакот и оставете ја добро затворената тегла да отстои околу 8 седмици. Повремено протресувајте ја теглата. Вака приготвениот див костен за хемороиди, се пие неколку дена по неколку капки во чаша вода или на коцка шеќер.

РАКИЈА ЗА МАЧКАЊЕ НА ОПУШТЕНИ ВЕНИ. Се засекуваат 20-40 плодови од див костен, како крст и се прелеваат со 1 литар појака домашна ракија. Се чуваат затворени во тегла точно 40 дена.

Од време на време треба да се промешуваат со дрвена лажица. По 40 дена се процедува низ газа и ракијата се чува затворена во чисто шише. Пред употреба, шишето треба да се протресе, за да се измеша талогот.

Се мачкаат опуштените вени со површинско протривање, но не смеат да се масираат! При тоа ракијата се претвора во бела сапуница и за кратко се впива во кожата. Вените се мачкаат неколку пати дневно. Оваа ракија може да се користи и за мачкање на бoлни и отечени нозе и за лекување на целулит.