Секое утро треба да го земате ова за да имате силен имунитет: Д-р Грујичиќ откри природен начин за заштита од вируси

Според д-р Грујичиќ брзото закрепнување после прележување на вирусот во голема мера зависи од силниот имунитет. Таа во една емисија раскажа дека боледува од автоимуно заболување, но после советување со нејзините колеги, одлучила да не се лекува со кортикостероиди, туку на природен начин да го зајакне својот имунитет.




„Имам саркоидоза“, рече таа во емисијата на РТС Ординација, на 13 декември 2020 година. „Тоа е автоимуна болест во која практично вашите сопствени клетки се вртат против вашите лимфни јазли, може дури и против вашите бели дробови или кр-вни садови.




Имав акутна форма позната како Лофгренов синдром, која е проследена со „печати“ на нозете, слабост и повишена температура која траеше речиси два месеци“.




Според советите на лекарите, д-р Даница не земала кортикостероиди, но и било наредено многу внимателно да почне да се грижи за зајакнување на имунитетот.




„Сега строго внимавам што јадам, од кого земам храна – купувам најмногу на пазар и од село – се знае, точно, од кого набавувам јајца, од кого сирење, а од кого кајмак! И секогаш, редовно се занимавам со некоја физичка активност.




Или е тоа пливање, или еден вид на тенис тенис. Се разбира, тоа е импровизација на тенис, не е вистински тенис, но важно е нешто физички да се занимавате“, низ смеа раскажа докторката. „Не испаднав дека сум некој голем талент.




А практикував и редовни тренинзи со тренер, особено кога се здебелив едно време и достигнав до 80 килограми, па тоа многу ми пречеше и морав да ослабам“.

За време на нејзиното заболување од овој вирус, д-р Грујичиќ вели дека го изгубила апетитот, иако не го изгубила сетилото за вкус и мирис. „Но, морам да признаам, штом изедов две парчиња сланина, бев супер“, се смее д-р Грујичиќ.




Со оглед на тоа што работи како директор на Институтот за онкологија, вели дека забележува и зголемен број заболени од рак на белите дробови, дебелото црево и дој-ката, а особено ја загрижува бројот на жени кои пу-шат.




„Ако можам барем нешто да советувам, тоа би било итно да ги остават цигарите“, апелира докторката. „Значи, многу течности, редовна физичка активност и здрава храна. И, се разбира, понекогаш и во мали количини – сланина!“




Претходна статијаКАКО ДА ОДГЛЕДАТЕ РУЖА ВО КОМПИР: ефикасен метод за бујна грмушка напролет
Следна статијаЦвеклото само вака треба да се јаде, за да може од него да се извлече она што е најдобро – совет од нутриционистот Мирјана