Home Супи и чорби Секој ден ја јадев оваа чорба од наут и за 1 месец...

Секој ден ја јадев оваа чорба од наут и за 1 месец намалив 25 кг, најмногу во стомакот…

Чорба од наут и брокула за здравје и слабеење

Оваа вкусна и хранлива чорба од наут и брокула е идеален избор за сите што сакаат здрав, нискокалоричен оброк кој го поддржува слабеењето и целокупното здравје.

Наутот е богат со растителни протеини и влакна, кои помагаат во регулирање на дигестивниот систем и одржување на чувството на ситост.

Брокулата, пак, е преполна со витамини (особено Ц и К), антиоксиданси и минерали, кои го зајакнуваат имунитетот и го поддржуваат здравјето на коските, пишува НМД.

Високиот процент на вода во чорбата и ниската калориска вредност ја прават совршена замена за вечера, помагајќи ви да ги намалите вишокот килограми без да чувствувате глад.

Редовното консумирање на оваа чорба, во комбинација со лесна физичка активност, може да го забрза метаболизмот и да придонесе за топење на масните наслаги, особено во пределот на стомакот.

Потребни состојки:

– 1 главица кромид
– 1 морков
– 4 стебленца целер
– 1 чешне лук
– 1 црвена пиперка
– 2 пиперки (по избор)
– 200 г наут (претходно варен или од конзерва)
– 1 главица брокула
– 2 лажици маслиново масло
– 100 мл павлака за готвење
– 1 литар зеленчуков бујон или вода
– 1 лажичка италијански зачини
– Сол по вкус
– Црн пипер по вкус
– Свеж магдонос за посипување/декорација
– НМД

Постапка:

Ситно исечкајте го кромидот, морковот, целерот, чешнето лук и пиперките. Во длабок сад на средна температура загрејте една лажица маслиново масло.

Додајте го кромидот и морковот и пржете околу 3 минути. Потоа додајте го целерот, лукот, црвената пиперка и италијанските зачини.

Мешајте добро и продолжете да пржите уште 2-3 минути. Вклучете ги исечканите пиперки, промешајте и оставете зеленчукот да се динста кратко.

Прелијте со зеленчуков булјон или вода. Додајте го наутот покријте го садот и оставете да зоврие.

Откако чорбата ќе зоврие, додајте ја брокулата поделена на цветчиња. Зачинете со сол и црн пипер по вкус. Гответе уште 5-7 минути додека брокулата да омекне, но задржи малку цврстина.

Во посебен сад, на една лажица маслиново масло пропржете 2 лажици наут до златна боја. Оставете настрана.

Испасирајте ја чорбата со рачен блендер до посакуваната густина. Додајте ја павлаката за готвење и добро промешајте.

Посипете ја чорбата со ситно исечкан магдонос и пржениот наут. Послужете топла.

Совет: За уште поголем ефект врз слабеењето, заменете ја вообичаената вечера со оваа чорба и комбинирајте ја со редовна физичка активност.

Овој рецепт е доволен за цела семејна порција, па слободно споделете го со вашите блиски! Постапката погледнете ја ОВДЕ: