Шеќерот од кокосова палма е природен засладувач кој дава добри резултати за луѓе кои патат од хронични болести како дијабетес, рак, срцеви заболувања и дебелина.

Овој вид на шеќер има низок гликемиски индекс, а воедно претставува нутритивен магацин исполнет со витамини, минерали и аминокиселини.

Кокосовиот шеќер е минимално процесиран, небелен и не содржи конзерванси. Гликемискиот индекс на кокосовиот шеќер е (35). Нискиот гликемиски индекс на храната помага во балансирање и контрола на здравствената состојба како дијабетесот, високиот холестерол и дебелината.

СОДРЖИ: минерали: калциум, магнезиум, калиум, цинк, железо, бакар, манган, фосфор и бор.

Во споредба со кафеавиот шеќер, кокосовиот шеќер содржи два пати повеќе железо, 4 пати повеќе магнезиум и над 10 пати повеќе цинк.

Кокосовиот шеќер содржи Б витамини, вклучувајќи тиамин, рибофлавин, пиридоксин, биотин, инозитол и др.

Овој шеќер има особено висок процент на инозитол, кој е потребен за нервна трансмисија, за метаболизмот на холестеролот и за редистрибуција на мастите во рамките на телото. Инозитолот се користи и за лекување на дијабетес, депресија и панични напади.

Кокосовиот шеќер содржи 16 до 20 амино киселини.

Овој шеќер е особено богат со глутаминска аминокиселина. Глутаминот е многу важен за метаболичките функции, а исто така е ефективен во зараснување на рани и повреди, го зајакнува имунолошкиот систем, лекува воспалителен синдром на дебелото црево, помага при ХИВ и сида и во третманите против рак.