Home ситни колачи Се топат во уста: крцкави ОРЕВ КИФЛИЧКИ…Совршен празничен десерт од малку состојки

Се топат во уста: крцкави ОРЕВ КИФЛИЧКИ…Совршен празничен десерт од малку состојки

Рецепт за крцкави кифлички со ореви – совршен празничен десерт

Овие нежни кифлички со ореви се вистинска класика за празничните трпези или за моментите кога сакате да уживате во традиционален домашен колач.

Со нивната мека текстура што се топи во уста и богат вкус на ореви, овие колачиња се едноставни за подготовка, а резултатот е секогаш восхитувачки.

Совршени за споделување со семејството и пријателите, пишува НМД. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

– 500 г брашно
– 4 лажици пченкарен скроб
– 7 лажици шеќер во прав
– 1 кесичка ванилин шеќер
– 10 г прашок за печиво
– 250 г путер
– 2 јајца
– 4 лажици јогурт
– 100 г крупно мелени ореви (за валање на тестото)
– НМД
– по желба, шеќер во прав за посипување одозгора

ПОСТАПКА:

1. Во длабок сад измешајте ги сувите состојки: брашното, пченкарниот скроб, шеќерот во прав, ванилиниот шеќер и прашокот за печиво.

2. Додајте го путерот, исечен на коцки, и со прсти или миксер за тесто измешајте додека да добиете ронлива смеса.

3. Во смесата додајте ги јајцата и јогуртот. Месете додека да се формира меко и хомогено тесто.

4. Завиткајте го тестото во проѕирна фолија и оставете го да отстои во фрижидер 30 минути.

5. Загрејте ја рерната на 180°C. Обложете плех со хартија за печење.

6. Тестото поделете ги на 4 дела, а од секој формирајте топче. Сплескајте го со раката врз куп мелени ореви (од двете страни), а потоа со оклагија развлечете тенка кора. Исечете триаголници и свиткајте ги кифличките.

7. Наредете ги колачињата на плехот и печете ги во загреаната рерна околу 20 минути или додека да добијат лесна златна боја.

8. Откако ќе се изладат, посипете ги со дополнителен шеќер во прав по желба.

Совет: За уште поинтензивен вкус, можете да додадете малку рендана кора од лимон во тестото. Уживајте во овие неодоливи полумесеци со чаша топол чај или кафе! Видео прилогот погледнете го ОВДЕ: