Кога ќе замириса циметот, сите помислуваат на варено вино, но има еден напиток кој ќе ви биде првиот главен сојузник оваа есен и зима.

За тоа колку е корисен медот сигурно сите знаат, но колку бенефити може да му донесе циметот на организмот – недоволно е познато.

Како додаток на сутлијашот, колачите и вареното вино, многумина го сакаат, но тој може да биде корисен сојузник на вашето здравје и убавина.

Овој зачин има многу корисни својства – го подобрува тенот, го намалува холестеролот, ја забрзува циркулацијата на крвта, совршен е за срце, стомак, црева и што е најважно – тоа е најдобар зачин за топење на мастите во организмот.

Можете да го користите како додаток на сите јадења по четвртина лажичка на секој оброк, да го замените шеќерот со цимет, целосно или делумно, но можете да направите и посебен напиток за елиминирање на вишокот килограми ако го пиете редовно во интервали.

Напитокот се консумира секое утро пред појадок на празен стомак и навечер пред спиење. Ако го користите напитокот редовно, оваа мешавина нема да дозволи таложење на мастите.

Напитокот за слабеење се приготвува навечер, пред спиење: (1.)Сварете 200 мл вода. (2.) Во шолја ставете ½ лажичка цимет во прав и прелијте со превриена вода, па оставете половина час поклопено. (3.) Кога малку ќе излади, додадете една лажичка мед.

(4.) Испијте половина шолја пред спиење, втората половина поклопете ја со мала тацна и чувајте во фрижидер. (5.) Наутро, на празен стомак, испијте ја втората половина од ладниот напиток. За уште подобар ефект во напитокот можете да додадете и лажичка ѓумбир во прав.

Напитокот е делотворен затоа што циметот и медот поттикнуваат чистење на дигестивниот тракт, ги отстранува паразитите, габичките и другите бактерии кои го успоруваат варењето. Доколку редовно го консумирате во текот на еден месец, можете да изгубите од три до пет килограми, а истовремено и да го зајакнете имунолошкиот систем.