Фото и рецепт: Ружа Милошевиќ Арсова

Потребни состојки:

15-тина истови од зелје или блитва
3 главици кромид
1 морков
½ страк праз
300 г мелено месо
1 рака сварен ориз
сол, црн пипер, сув зачин, ½ лажиче црвен пипер

за прелив:

3 јајца
250 мл млеко

Постапка:

Кромидот ситно исечкајте го, а морковот изрендајте го. Ставете ги на малку масло да се пропржат, па додадете и една рака сечкан праз.

Кога убаво ќе се издинста додадете 300 г мелено месо и една рака варен ориз. Посолете, запиперете, додадете сув зачин по вкус (вегета) и половина лажичка црвен мелен пипер.

За тоа време додека се динста филот, подгответе ги листовите: внимателно отстранете го дебелиот дел од листот и попарете ги со врела вода. Поклопете ги и оставете ги да отстојат 5 минути. Процедете ги и потоа виткајте ги сармичките. Филувајте ги со меленото месо и внимателно виткајте ги, па редете ги во намастен огноотпорен сад.

За прелив: изматете три јајца со 250 мл млеко, па прелијте преку сармичките. Протресете за убаво да навлезе течноста. Ставете да се пече во загреана рерна на 220 степени околу половина час.

Фото и рецепт: Ружа Милошевиќ Арсова