САРАЈЛИИ: меки како душа, уште да ви прозборат!

Највкусните сарајлии, се топат во уста, вкусни се и топли и ладни!

Фото и рецепт: Ане Велеска

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

500 мл млеко
2 јајца
2 лажици шеќер
4 лажички сол
4 лажички масло
1 квасец
1 кг брашно
120 г путер/маргарин (околу половина од цела коцка)
½ филџан од кафе масло
Сирење по потреба

ПОСТАПКА:

Замесете тесто од млеко, јајца, сол, шеќер, квасец, масло и брашно.

Оставете го тестото да одмори 10 минути додека да го приготвите плехот во кој ќе се пече (малку намастете го).
Тестото поделете го на 25 топчиња (сарајлии).

Сарајлии (Фото и рецепт: Ане Велеска)

Секое топче засучете го со рака и завиткајте го како полжавче. Сарајлиите редете ги во плех.

Сарајлии (Фото и рецепт: Ане Велеска)

Во средината ставете по парченце сирење, спанаќ или нешто по ваша желба.

Сарајлии (Фото и рецепт: Ане Велеска)

Кога се готови, покријте ги и оставете ги да отстојат 1 час и 30 минути, но да не бидат во многу топла просторија.
Загрејте ја рерната.

Сарајлии (Фото и рецепт: Ане Велеска)

Растопете половина путер со половина филџан масло и прелијте преку готовите сарајлии.

Сарајлии (Фото и рецепт: Ане Велеска)

Ставете ги да се печат, а кога ќе заруменат извадете ги.

Сарајлии (Фото и рецепт: Ане Велеска)
Loading...