Овој домашен крем е идеално средство за нега на кожата: хидрира, го изедначува тенот, ги намалува видливите бpчки и го уcпорува процесот на стереење на кожата.

Им одговара на сите типови на кожа. Видливи резултати има за само седум дена. За приготвување на кремот ќе ви биде потребно:

ДОМАШЕН КРЕМ ПРОТИВ БРЧКИ – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 супена лажица бадемово или маслиново масло, 1 жолчка, 1 чајна лажица мед, 2 чајни лажици вазелин

ПОСТАПКА: Вазелинот растопете го на водена пареа. Ќе ви бидат потребни неколку минути. Тргнете го садот од оган и додајте ги останатите состојки: мед, жолчка и масло.

Претходно жолчката убаво изматете ја со маслото, па кога ќе ја додавате во топлиот вазелин, внимавајте да не ви се свари одеднаш и да не ви се направат грутки. На крај кога смесата ќе биде млака, додајте го медот и соединете го.

Сите состојки добро промешајте ги. Мешајте неколку минути, додека да добиете хомогена смеса. Жолчката можете и претходно да ја сварите, па да ја додавате во топлиот вазелин трошка по трошка додека непрекинато матите.

Крајната смеса мора да биде мазна, густа и хомогена, а со ладење уште повеќе ќе згусне. Добиениот крем складирајте го во соодветно кутивче од 50 мл и чувајте го во фрижидер.

Со лесни движења се нанесува на чиста кожа. После 30 минути се отстранува вишокот со помош на памукче натопено во минерална вода или со влажно марамче за лице.

Напомена: кремот се впива во кожата подолго од еден час, така што треба да го нанесувате на лице барем два часа пред спиење. Кремот се чува во фрижидер.

Кога ќе се потроши, направете уште една доза. Бидејќи сите состојки се природни, не правете одеднаш двојна доза, за да не ви се расипе.