Овој мирисен колач можам да го јадам секој ден. Лесен е, не прави тешко на стомакот и дома сите го обожаваме. Без двоумење, ова е најдобриот рецепт за колач од јагоди. Може да го направи и дете, толку е едноставен, а е многу вкусен. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 300 г брашно, 3 јајца, 250 г шеќер, 200 мл млеко, 200 мл масло, 15 г ванилин шеќер (или екстракт од ванила), 2 мали лажици сода бикарбона, прстофат сол, 500 г јагоди (свежи или замрзнати), путер и шеќер во прав.




ПОСТАПКА: од јагодите пресечете го горниот дел, па пресечете ги на половина. Претходно треба да бидат добро измиени и исушени од водата за да не се направат кашести. Потоа започнете со подготовка на тестото.




Во еден подлабок сад скршете ги трите јајца и веднаш додајте го шеќерот, заедно со ванилиниот шеќер. Ако додавате екстракт од ванила, тогаш додајте го после млекото. Изматете пенасто со миксер додека шеќерот да започне да се растопува во јајцата. Започнете со матење на најниска брзина од миксерот и постепено зголемувајте ја јачината.




Во едноличнбата смеса постепено додавајте го маслото додека непрекинато матите со миксерот. Истото повторете го и со млекото. Бидете внимателни околу додавање на брашното бидејќи тогаш може да се направат грутки. Затоа просејте го низ сито заедно со прашокот за печиво и солта.




Како што го додавате брашното, постепено матете со шпатула додека да се формира мазна, течна и еднолична смеса, нешто погуста од онаа за палачинки. Со путер, претходно отстојан на собна температура премачкајте го огноотпорниот сад, а потоа наросете и малку брашно низ целата површина и по страните.




Вишокот брашно слободно истресете го. Смесата излејте ја во садот за печење и одозгора наредете ги јагодите со средишниот дел свртени надолу. Печете во претходно загреана рерна на 190 степени, околу 35 минути. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.