Не го пропуштајте овој рецепт за најубавата и најлесната торта. Од само 3 состојки можете да си направите десерт кој се јаде во 1 ден. Практична торта. Малку подзаборевен рецепт кој редовно го правеа нашите баби и мајки. Во продолжение прочитајте го рецептот, а подолу има уште еден рецепт за кекси јафа торта без печење.




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 кг јафа (ресана), 500 мл млеко, 250 г маргарин, 200 г шлаг, 200 мл газирана вода). ПОСТАПКА: ресаните сечкајте ги на четвртини и редете ги во вангла. Можете да ги сечете две или три одеднаш за да си скратите на време или пак некој да ви помага во сечењето.




Маргаринот и млекото ставете ги во тенџере и почекајте маргаринот да се растопи, а не дозволувајте млекото да зоврие. Топлата течност се прелива врз ресаните и убаво се промешува до соединување, а сепак треба да останат и некои поголеми парчиња ресани.




Во правоаголен калап за правење леб или торта обложете со најлонска фолија и излејте ја јафа тортата и убаво распоредете ја. Ставете во фрижидер да се стегне неколку часа. По изминатото време направете го шлагот со газирана вода, а може и со млеко и премачкајте го врз тортата која сте ја извадиле на чинија.




Шлагот се премачкува врз целата торта и по желба може да декорирате со растопено чоколадо или ресана сечкана на помали парчиња. Деталите од целата постапка погледнете ги во видеото ОВДЕ. Во продолжение прочитајте уште еден брз рецепт за кекси јафа торта без печење и одлучете кој ви се допаѓа повеќе да си го направите:




Овој колач едноставно ме воодушеви. И благодарам на тетка ми Бранка за овој прекрасен и супер брз рецепт.

Потребни состојки: 400 г петит бисквити, 300 г јафа кекси (ресана), 500 мл јогурт, 200 мл кисела павлака, 8 лажици шеќер, 1 ванилин шеќер и 500 мл слатка павлака Постапка: Исечкајте ги или искршете ги со раце бисквитите. Нека бидат на поголеми парчиња.




Во посебен сад измешајте јогурт (може ако сакате да ставите овошен јогурт по вкус), кисела павлака, шеќер и ванилин шеќер. Прелијте ги искршените бисквити, а можете и директно врз низ да ги ставате состојки. Убаво промешајте и оставете 1 минута. За кратко време бисквитите ќе ја впијат течноста.




Оваа прекрасна по вкус смеса можете да ја обликувате со раце во форма по ваша желба или да ја ставите во калап. Оставете го колачот во фрижидер за добро да се излади и да се поврзат состојките. Најдобро е преку цела ноќ. По желба, пред да го нанесете шлагот, можете да наредите сечкани банани или смрзнато шумско овошје, но не мора.




Ова е основниот рецепт, а вие можете да додавате по желба и да го приспособите според вашиот вкус. Изматете слатка павлака како шлаг и по желба додајте малку шеќер или ванилин шеќер, но нема потреба бидејќи самиот колач е сладок од бисквитите.

Украсете го колачот и добро изладете го пред послужување. Се сече супер и има предобар вкус. Тортата навистина се приготвува додека трепнеш.