Еве кои се предностите ако секој ден започнуваќи од есента, па сè до пролетта, консумирате по една лажица рибино масло:

1.Веројатноста дека ќе имате некој кардиоваскуларен проблем значително се намалува.

2.Се зголемува флексибилноста и брзината на размислување.

3.Имуниот систем е посилен. Телото поефикасно се бори со бактериите и вирусите кои го напаѓаат.

4.Се зголемува издржливоста. Во текот на целиот ден нема да чуствувате умор.

5.Коските се поиздржливи. Ќе заборавите на остеопороза, фрактури на коски, болки во зглобовите…

6.Кожата ќе ви биде блескава и убава.

7.Вишокот килограми ќе исчезнат.

8.Телото подобро ќе се справува со стресот. Нивото на серотонин расте, па затоа рибиното масло им се препорачува на децата и постарите лица.

9.Го намалува очниот притисок.

10.Телото е заситено со витамини и хранливи материи.

ЗОШТО Е ДОБРО РИБИНОТО МАСЛО?

Рибиното масло е добро за нашето здравје, бидејќи содржи омега-3 масни киселини, кои нашето тело не може да ги произведе и затоа ние мора да ги внесеме преку храна или додатоци.

Рибите се најдобриот извор на омега 3 масните киселини и тоа пред се: харинга, лосос, сардини, туна и пастрмка.

Во теорија, ова е одлична идеја, но во пракса тоа не е секогаш така. Салмониди (лосос, пастрмка, итн) и други риби кои живеат во ладни води (бакалар, сардини, итн.) би требало да имаат високо ниво на EPA / DHA, но за жал денес тие се почесто се одгледуваат по вештачки пат и обично се хранат со соја и генетски модифицирана пченка поради што наместо омега-3 имаат висока содржина на омега-6 и други отрови.

Една грешка која многу луѓе ја прават е користење на големи количини на ленено семе, бидејќи тоа има висока содржина на омега-3 масни киселини, но за жал само околу 5% од овие масни киселини во семето на лен се претвораат во употреблива форма на DHA и EPA.

Незаситените масни киселини , особено омега-3 масни киселини, играат многу важна улога во растот и развојот на мозокот.

Познато е дека DHA придонесува за одржување на нормалната функција на мозокот, па оваа хранлива состојка е поврзана со подобро учење, концентрацијата и меморијата.

Покрај тоа DHA се наоѓа во особено високи концентрации и во ретиналните мембрани, особено во фоторецепторите, а со тоа се смета дека игра клучна улога во развојот на видот.

Утврдена е позитивна корелација помеѓу содржината на DHA во црвените крвни зрнца и визуелна острина, како и други показатели на развојот на мозокот кај бебињата и мали деца.

Во бројни студии е потврдено дека групите на деца кои земаат рибино масло имаат позитивни промени во вид на: зголемено внимание, концентрација, способностите за учење, работната меморија, визуелна обработка на информации, како и способноста на имунолошкиот систем, вклучувајќи ги и промените во црвените крвни клетки.

Со други зборови, децата кои конзумираат најмалку 2 оброци со риба неделно, од кои еден е масна риба богата со омега-3 масни киселини (како туна и лосос), се со помала веројатност да имаат емоционални проблеми и проблеми во однесувањето во споредба со децата кои не јадат риба.

Познато е дека децата не се големи љубители на риба, па затоа кај децата кои не сакаат риба на нивното мени, недостатокот на омега-3 масни киселини во исхраната може да се компензира преку додатоци во исхраната.