Алое вера, лимон и мед се три моќни природни состојки кои имаат големи благотворни својства за нашето здравје. Исчистете ги листовите од лековитиот алое кактус, отстранете ги боцките од страните, а потоа исцедете го глеот и ставете го во блендер.

Потоа додадете исечен лимон со извадени семки. Лимонот е потребно да биде органски, бидејќи се меле заедно со кората. На крај додадете го медот и добро промешајте. Смесата излејте ја стаклено шише или тегла, по можност темно или завиткајте го во алуминиумска фолија. Се чува во фрижидер.

Употреба:

Консумирајте по една лажичка наутро и навечер во текот на седум дена. Потоа направете пауза, па повторете ја постапката доколку е потребно. Вкусот е доста силен, па доколку ви пречи, пред консумација разредете ја смесата со малку вода. Важно е да се чува во фрижидер добро затворено, мах до еден месец.

Алое вера е билката која се користи ширум светот за лекување на многу тешки и сериозни болести како што е ракот. Оваа лековита билка потекнува од Северна Африка, а со изгледот потсетува на кактус и во себе содржи доста вода.

Богата е со витамини и минерали, особено со витамин Ц, Е и цинк. Има антибактериско дејство, па поради тоа, успешно спречува развој на голем број инфекции.

На порталот на НМД честопати читателите прашуваат кое алое е лековито. Постојат многу видови на алое, но само неколку видови се лековити. Најмоќни и најлековити се Aloe arborescens (krantz aloe, candelabra aloe) и Алое вера/Aloe vera. Алое Пери/Aloe perryi и алое Ферокс/Aloe ferox имаат лековити својства, но не се толку силни и ефикасни како Алое вера.  Овој вид алое е познат и како Кејп алое/Cape aloe, алое Барбадос/Barbados aloe и алое Куракао/Curacao aloe (побарајте ги на Гугл за да видите како изгледаат).

Алоето во Русија е познато како “Еликсир на младоста”, додека старите Египќани ја нарекувале билка на бесмртноста. Бо некои краишта ја нарекуваат уште и “кралица на лековитите билки”.

Според уникатните лековити моќи била добро позната и користена во кинската традиционална медицина.

Алоето, несомнено се смета за најлековитата билка на планетата. Таа е надалеку позната по тоа дека има големо влијание врз здравјето, а истовремено се коирсти и во козметичката индустрија.

Врз неа се спроведени многу научни истражувања, но досега не се целосно објаснети чудата кои лежав во оваа билка и на кој начин со нејзина помош многумина успеваат да се излекуваат од најтешките болести како што се ракот и сидата.

Постои верување дека Алое вера е билката која ја користела Клеопатра за разубавување и здравје на кожата.

Алоето започнало масовно да се користи во Америка најпрво како лаксатив, а подоцна биле откриени нејзините лековити својства за лекување на изгореници, посекотини, убоди, последици од зрачење, за нега на кожа и тело, како и за други дерматолошки проблеми.

Поради нејзината голема способност да ги ублажува болките и да ја регенерира кожата, алоето масовно се користело за лекување на жртвите од атомските бомби после Втората светска војна.

Денес пак, се користи за лекување на бројни болести, започнувајќи од наједноставни алергии и кожни инфекции, па се до сериозни болести како што се астма, бронхитис, дијабетес, рак (особено рак на кожа), сида и слично. Со помош на билката успешно се лекува анемија, хепатитис, висок холестерол во крвта, несоница, депресија, како и последици од хемотерапија и радиотерапија. На нашиот портал Nmd.mk можете да пронајдете многу рецепти за приготвување на лекови со алое за лекување на различни болести.

Во комбинација со разно овошје, алоето е закрепнувачки природен напиток богат со минерали и витамини. Денес за лекување на разни болести најмногу се користи алое вера гелот.

Алое вера гел

Се добива од ватрешноста на листот на алоето. Може да се пие или да се користи за надворешна употреба, а помага за лекување на: Метаболичко пореметување, воспалителни процеси, разни вируси, бактерии, габички, за јакнење на имунитетот.

Исто така, алое вера гелот ја поттикнува работата на внатрешните органи: Црн дроб, срце, бубрези, жолчно кесе. Ја регулира работата на нервниот систем и помага за одвикнување од алкохол и пушење.

Како средство за локална употрена корисен е за лекување на кожни заболувања, болки во зглобови, конјуктивитис, мрена, за нега на уста и заби, против акни и првут и уште многи друго.