Само брашно, вода и квасец…НАЈМЕКИТЕ МЕКИЦИ се прават вака….

Можете да ги изненадите вашите најблиски со вкусни мекици за појадок или вечера. Потребните состојки веќе ги имате дома, а постапката е многу едноставна…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (чаша од 200 мл):

6,5 чаши брашно
3 чаши топла вода
1 лажица сол
1 лажичка шеќер
1 пакетче инстант квасец
масло за пржење

ПОСТАПКА:

1.Водата, квасецот и шеќерот измешајте ги во подлабок сад. Постепено додавајте брашно и сол и замесете тесто.

2.Тоа треба да биде меко и малку лепливо. Покријте го и оставете го да отстои 45 минути.

3.Потоа тестото истресете го на набрашнета работна површина, лесно премесете го и отворете го во квадратна форма.

Не користете оклагија, туку цело време одозгора притискајте го со прстите за да се формираат меури и дупчиња (како кај фокача).

4.Исечете парчиња со саканата големина.

5.Мекиците пржете ги на умерено загреано масло додека убаво да заруменат со златна боја од двете страни. Постапката погледнете ја ОВДЕ.