Само 2 минути подготовка и после печете – брза пита со кршени кори

Кога немате време, а ви се јаде нешто домашно и вкусно или пак ви дошле ненајавени гости – oвој рецепт е полн погодок!

Потребни состојки:

300 г готови кори за пита

500 г Милерам (20% кисело млеко)

100 мл масло

3 јајца

1 мала лажичка сол

150 мл обична вода

Постапка:

Приготвувањето е многу лесно и одзема само неколку минути.

Намастете помал плех со димензии 35х20. Една кора одвојте и ставете на дното како основа, а остатокот искинете ги или исечете ги со ножици, како ви е полесно.

Корите прелијте ги со преходно измешана смеса од: Милерам, јајца, сол и вода.

Вака потопените кори излејте ги во плехот и ставете да се пече еден час на 180 степени. Ако се случи да ви се дигне за време на печењето, само избоцкајте ја неколку пати и таа ќе се спушти.

Ако користите поголем плех тогаш питата ќе биде тенка, па затоа малку зголемете ги состојките. Во питата можете да додадете и сирење.
Времето за приготвување е навистина 2-3 минути, па затоа овој рецепт е одличен за ненајавени гости – додека се пече питата вие ќе им се посветите на гостите.

Оваа пита може да се послужи и како слатка верзија ако ја наросите со шеќер и ставете сад со кристален шеќер за оние кои сакаат да си макаат во шеќер.

Деталите погледнете ги во видеото:

Loading...