Само 1 јајце и 1 јаболко…Подгответе го овој вкусен десерт за 15 минути…Многу брзо и лесно…Еве што ви е потребно за овие мини крофнички:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

1 јајце
8 г ванилин шеќер
1/2 лажичка сол
2 лажици шеќер
125 г цврст јогурт со вкус на ванила или кисела павлака
2 лажици масло
300 г брашно
6 г прашок за печиво
1 јаболко
2 лажици суво грозје

И уште:
шеќер и цимет за посипување/валање

ПОСТАПКА:

Со жица маталка соединете ги јајцето, солта, шеќерот и ванилата. Додајте масло и јогурт, промешајте, па додајте брашно помешано со прашок за печиво. Ќе добиете меко и лепливо тесто.

Додајте рендано јаболко и суво грозје, соединете ги во тестото, па со намастени дланки кинете парчиња и обликувајте топчиња со големина на орев.

Топчињата редете ги во намастена чинија за да не се лепат, па пржете ги во умерено загреано масло додека да заруменат.

Темпартурата треба да биде нешто послаба од средна. Крофничките валајте ги во шеќер помешан со цимет. Постапката погледнете ја ОВДЕ.