Езерцето во градината претставува сон за љубителите на градини, а во денешно време присуството на воден елемент во градината е речиси задолжително, бидејќи водата како еден од природните елементи внесува посебна динамичност и живописност на пејзажот.

Водните градини, како основен елемент на пејзажот за прв пат се забележани во древна Персија, а најмногу денес се употребуваат во традиционалните кинески градини.

До почетокот на индустријализацијата на општеството, водата во градините била обезбедувана по природен пат најчесто преку канали, водоисточници, дури и преку големи градежни градби на каскади.

Индустриската револуција доведува до модернизација на градините со тоа што дозволуваат повторна употреба на водните ресурси. Денес таа претставува и архитектонско решение и е составен дел во дворовите.

Водните градини се разликуваат по големина, длабочина, обликување, присуство или отсуство на дополнителни елементи и друго.

Во зависност од потребите во приватните дворови и градини езерата се релативно плитки и со ограничени димензии поради тоа што има ограничен простор за организирање на водната градина и поради барањето на повеќето водни растенија за одредена длабочина на водата.

При обликувањето на водната градина важи правилото дека ако во неа и околу неа не се засадени водни растенија, тоа е чиста загуба на простор и напор. Убавината и ефектот од водната градина доаѓа со декорација на просторот.

Главна улога во украсите на влажните делови играат растенијата како ирисот, баданот и слично. Доколку се решите за мало езерце во вашиот дом, бидете сигурни дека ќе ви создадат чувство на хармонија и убавина и ќе ви ја оживее градината.

Направете езерце во вашиот двор за само еден ден

Градинарското езерце освен што е естетски атрактивно, ќе привлече и бројни организми кои се важни за одржување на природната рамнотежа и биодиверзитетот.

Да се има езерце во дворот значи да се збогати околината со глетка и звукот на природата, а околу него ќе се собира жив свет привлечен од убавиот мирис и убавината на засадените билки.

Првата работа што треба да се направи е пронаоѓање на соодветна локација. Експертите сугерираат да ја одберете онаа која е осветлена од сонцето во претпладневните часови. Послепладневната сенка ќе спречи претерано загревање на водата и буење на алгите.

Ако во своето езерце сакате да чувате и риби, тогаш не се препорачуваат места под дрва или во нивна близина, бидејќи отпаднатите листови го одземаат кислородот од водата.

Истовремено, близината на дрвото значи и проблем со неговите корења и жили.

Обликот на езерцето е индивидуална одлука, а при ископот потребно е да се прават каскади –така што езерцето да има различни длабочини.

Оној најдлабокиот дел не би требало да биде поплиток од 1 метар. Ископаната јама треба да се исчисти ид евентуални корења и други непотребни предмети и сето да се натапка со песок. Добро ќе дојде и подлога од јутани вреќи, бидејќи така дополнително се изолира.

На вака приготвената подлога се става непропусна фолија – геотекстил, која мора да биде во едно парче. Фолијата зацврстете ја со камења или стари цигли. Ако на некој дел од фолијата се прават набори, не е важно.

Фолијата секогаш мора да биде поголема во однос на езерцето. Добро е да се знае дека фолијата најлесно и наједноставно се поставува во текот на топли и сончеви денови, бидејќи тогаш поубаво се мести за тлото.

Најубавиот дел од работата е поставување на земја и камења, како и садењето на билки. Добро е да се измеша градинарската земја со малку поквалитетен супстрат за цвеќе.

Коренот на цвеќињата кои ќе се засадуваат покрај езерцето е добро да се обвиткаат со јута или во лончиња, за да не се расејува земјата по водата. Треба да се одберат и онакви растенија и цвеќиња кои сакаат повеќе вода (за оние што ќе се садат во езерцето), и такви кои сакаат нешто помалку и ќе се садат покрај езерцето.

Отстојана вода и дождовница

За езерска вода најдобра е дождовницата. Откако ќе ги засадите билките, треба неколку денови да поминат за да “слегне” езерцето. Потоа, во зависност од тоа како сакате да ја обликувате обалата, фолијата треба да ја скратите.

Како премин помеѓу езерцето и копното и за прекривање на испапчените рабови, добри се покажале природните камења. На пазарите може да се најдат и готови градинарски езерца. За нив е потребно само ископот да го направите според правилата на изведувачите.

Ако во своето градинарско езерце планирате да чувате риби, тогаш се препорачува да вградите систем за филтрирање со пумпа и УВЦ прочистувач. Системот за филтрирање ја елиминира нечистотијата и алгите и го подобрува квалитетот на водата.