Сигурно не можете да замислите дека жена без градежно искуство би можела да изгради двокатна куќа со пет соби само со гледање на инструкции видеопрезентации од разни јуткуб канали. Кара Брокинс и нејзиниот син сепак успеале во тоа, а додека изградбата била во тек, соседите гледале и се чуделе..

Тешко е да се замисли дека жена без градежно искуство би можела да изгради двокатна куќа со пет соби само со гледање на видео инструкции од јутјуб. Сепак, Кара Брокинс и нејзините четири деца се жив доказ дека може сè да се направи кога вистински се сака тоа.

Нејзиниот најстар син Дру ѝ помогнал на мајка си Кара да ја дизајнира куќата и да добие одобрение од градот да ја изгради, нејзината ќерка Џеда влечела вода од езерцето на соседот и мешала бетон за основата, додека нејзината втора ќерка правела храна за сите нив.

Така успеала за само девет месеци работа да изгради куќа за себе и за своите деца. Додека изградбата била во тек, тие поминале низ сè: од копање на темелите до градење на ѕидовите на куќата.

Кога инспекторите дошле за да направат увид и да ја прегледаат куќата, биле изненадени од професионалната изработка, не верувајќи дека е изградена од мајка без познавање на градежништвото.

Својот дом, кој има библиотека, гаража со три автомобили, пет спални соби и два ката, тие го нарекле „Inkwell Manor“, а куќата денес вреди околу половина милион долари.

Подолу можете да видите како изгледало сето тоа и конечно како изгледа куќата која е направена само со помош на инструкциите погледнати на Јутјуб. Кратката емисија погледнете ја ОВДЕ.