САЛАТА СО ТУНА – Идеален оброк за вечера или предјадење!

Ова е одличен лесен оброк кој можете да го јадете за појадок, вечера или како предјадење. Идеална комбинација од тестенини, туна во парче, дресинг и едно јајце. Оваа количина е за едно лице.

Потребни состојки:

100 г тестенини по избор
100 г туна во парче
1 јајце
½ домат (може и цел домат)
2 лажици кисела павлака
1 рамна лажичка сенф
1 лажичка мајонез
1 прстофат сол
1 прстофат црн пипер

Постапка:

Сварете ги тестенините според упатството на пакувањето. Додека се вари тестенината, изматете павлака, сенф, мајонез, сол и црн пипер. Ставете да се свари и едно јајце.

Тестенините процедете ги и измијте ги под млаз ладна вода. Процедете ги.

Исечкајте го доматот на коцки.

Врз тестенините излејте го преливот, додадете сечкан домат и промешајте.

На крај додадете исечено јајце и парчиња туна.

Можете се’ да измешате, а можете и само да ги ставите одозгора (туната и јајцето), како сакате.

Се послужува веднаш.

Loading...