Овој рецепт содржи Lemon curd што е една од трите состојки, прекрасен крем, во светот е многу популарен, па ви напишав подолу рецепт и за него. Пробајте го овој десерт, многу е вкусен!

Потребни состојки:

200 мл јогурт
500 мл слатка павлака
450 г Lemon curd (фруктозен крем, рецепт подолу)

Постапка:

Во изладениот Lemon curd се додава јогурт и изматена слатка павлака во шлаг. Убаво се миксаат сите состојки, а добиената смеса за сладолед се замрзнува. Се добива одличен салдолед!

Ако додадам јагоди – се добива розов сладолед, за внуците… Може да се додава разно смрзнато овошје, топено или рендано чоколадо, нутела… може сешто да се става, по вкус.

Lemon curdРЕЦЕПТ

Има многу рецепти за Lemon curd, но овој е посебен по тоа што е погоден за замрзнување, а така замрзнат има рок до една година без воопшто да изгуби на вкус и квалитет. Обично правам дупла доза зошто многу брзо го консумираме…

Потребни состојки:

250 г шеќер
150 мл сок од 3 големи лимони + рендана кора
2 јајца
3 жолчки
80 г путер

Постапка:

Половина час да се прави Lemon curd изрендајте ја кората од лимон и помешајте ја со шеќерот. Исцедете го сокот од лимоните (мене ми беа потребни три поголеми лимони за да добијам 150 мл сок). Путерот исечете го на коцкички.

Јајцата и жолчките убаво изматете ги, додадете шеќер помешан со лимонова кора, па сето измешајте го за да се соедини. Излејте во сад и на тивок оган варете ги јајцата додека да почнат да се згуснуваат во крем. Постојано треба да се меша со дрвена лажица, особено на страните.

Кога кремот ќе згусне, додадете му ги коцките путер и мешајте додека тој да се растопи. Тргнете од оган и процедете го кремот за да се отстрани лимоновата кора.

Оставете го Lemon curd-от на собна температура да излади, а потоа прелијте го во пластичен сад со капак и по желба замрзнете го или прелијте го во стаклена тегла и чувајте го во фрижидер, најмногу 14 дена.

Кога сакате да го одмрзнете Lemon curd-от прво преку ноќ оставете го во обичен фрижидер, а потоа користете го по желба. Може да се користи самостојно или како дел од други слатки, како што е овој сладолед. Пробајте – не можете да му одолеете!