Салата од карфиол: вкусен прилог за месо

Одлична салата која одлично одговара со месо, печено или похувано, брзо се приготвува и може да стои во фрижидер и до 3-4 дена без да ги промени бојата и вкусот.

Потребни состојки:

1,500 г свеж карфиол

400 г кисела павлака (голема чаша)

200 г мајонез

2 лажици мелен сончоглед

3 лажици мелен сусам

Малку магдонос

Малку копар

Сол по вкус

Може да се додаде и лажичка лук во прав и доколку сакате малку посочно, малку јогурт.

Постапка:

Карфиолот измијте го и исечкајте го на мали цветчиња, измешајте ги сите наведени состојки.

Сончогледот и сусамот се поубави доколку претодно ги пропржите, а копарот и магдоносот ситно ги исечкате.

Се послужува како прилог, но вкусно и убаво е како оброк – салата.

Loading...