Оваа салата ќе ве држи сити долго време, се подготвува за брзо и има одличен вкус. Идеална летна салата кога сакате нешто брзо да ве засити и во исто време да не ви е премногу тешко. Има многу убави рецепти за салати, едноставни, какви што сите сакаат, а оваа салата е една од нив. Eве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 2 црвени пиперки (најдобро рог пиперки), 1 морков, 50 г кромид (1 мала главица), 150-200 г чадени мисиркини гради или друго сувомеснато по ваш вкус, 500 г зелка (најдобро млада зелка ако имате, но можете да користите каква било), црн пипер, многу малку сол (пушените гради веќе се солени).

ЗА ПРЕЛИВОТ: 50 г мајонез, 15 г сенф (1 голема лажица), 200 г кисела павлака, сок од еден цел лимон, половина мала лажичка сушен копар. Дополнително: домати, варени јајца, слатка пченка, пармезан.

ПОСТАПКА: Загрејте ја тавата на рингла на прилично висока температура, без да додавате масло. Пиперките исчистете ги од петелката и срцевината, пресечени надолжно и ставете ги во тавата со пресечениот дел нанадвор. Покријте ги со хартија за печење и притиснете ги со празно тенџере, како што е прикажано на фотографијата.

По 5 минути извадете го празното тенџере и хартијата за печење. Од страната на лушпата треба да се поцрнети. Пренесете ги во сад и поклопете ги. Совет: На овој начин поклопени подоцна полесно ќе се излупат. Оставете ги околу 15 минути додека ги подготвувате останатите состојки.

Потоа направете го преливот од мајонез, сенф, павлака, сок од лимон и ако имате сув копар (некои го нарекуваат миродија) – измешајте и оставете го во фрижидер до употреба. Во еден сад изрендајте го морковот на најкрупната страна од рендето.

На истата страна изрендајте ги сувомеснатите мисиркини гради, младата зелка и кромидот (доколку ви е полесно може и да го исечкате). Совет: Ако сте ја измиле зелката, исушете ја добро бидејќи ако е влажна од вода, салатата ќе се „полива.“

Потоа преминете на пиперките кои по отстојувањето многу лесно ќе се излупат. Исечете ги на ленти и додајте ги на претходно изренданите состојки кои сте ги соединиле во подлабок сад. Додајте малку црн пипер и сол. Посолете по потреба бидејќи сувомеснатото е најверојатно веќе посолено.

Сè добро измешајте и додајте го преливот. Се меша и се пренесува во тенок сад/овал во кој ќе се служи салатата. Настрана сварете неколку јајца (2-3), пресечете ги на половина, доматите исечкајте ги на осмини, слатката пченка сварете ја и зачувајте си малку од сувомеснатото.

Декорирајте ја салатата со наведените состојки по желба, а може да додадете и малку рендан пармезан или тврд кашкавал исечкан на листови. Убаво оди и декорацијата со нешто зелено, како млад кромид. Салатата е спремна за послужување, а може и прво да отстои во фрижидер. Деталите погледнете ги ОВДЕ.