Колачот 5 10 15 е одличен за засладување, а состојките речиси секогаш ги имате при рака во кујната. Многу е лесен за јадење, особено е практичен што се сече на коцки и брзо исчезнува од трпезата. Идеален е кога сакате нешто слатко после ручекот.

Навистина има одличен вкус со оглед на состојките кои се речиси основните за секој колач, а имајќи на ум дека се подготвува за кратко време, можеме навистина да кажеме дека е за десетка. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 4 јајца, 200 г шеќер, 1 кесичка ванилин шеќер, 150 мл замлачено млеко, 50 мл масло, 250 г брашно (мазно), прстофат сол, половина стандардно пакување прашок за печиво (измерете 6 г), 1 голема лажица намаз од лешник или чоколаден крем (еурокрем), малку путер за да се премачка плехот (35х20 см), шеќер во прав за наросување.

ПОСТАПКА: Во еден подлабок сад скршете ги јајцата, додајте 1 чаша шеќер и енергично изматете со жица/маталка. Матете непрекинато приближно 2 минути, додека јајцата да запенат. Не користете миксер бидејќи ќе испадне премногу кремасто.

Додајте го ванилиниот шеќер (по желба ако го имате) и повторно добро измешајте, постепено додавајќи го замлаченото млеко. Потоа полека сипувајте го маслото во тенок млаз, измешајте и потоа просејте го брашното во кое претходно сте измешале малку сол и прашок за печиво.

Повторно измешајте сè добро и поделете ја смесата на 3 приближно еднакви делови.
Во едната смеса додајте го кремот од лешник или чоколаден намаз и убаво измешајте.
СОВЕТ: Имајте на ум дека не треба да претерувате со намазот, без разлика колку сите го сакаме. Доволно е да додадете 1 лажица, во спротивно може да го расипе средниот ред.

Намастете го и побрашнете го плехот и истресете го вишокот брашно. Сипете ја лесно белата смеса и печете на 200 степени, само 5 минути и веднаш извадете ја од рерна. Темниот дел прелијте го врз полупечената прва светла смеса и печете го следните 10 минути исто така на 200 степени.

Потоа сипете го преостанатиот дел од белата смеса и печете 15 минути на истата температура. Откако ќе помине времето на печење, односно последните 15 минути од печењето, оставете ја рерната затворена следните 20 минути и дури потоа извадете го колачот.

Ако на вашата рерна ѝ е потребно подолго време да се излади, тогаш најдобро би било колачот да го оставите 20 минути во исклучена рерна, а потоа со полуотворена вратичка додека целосно да се олади. Превртете го колачот на рамна површина, исечете го на коцки со големина по избор и наросете со шеќер во прав.

СОВЕТ: Ако сакате да користите поголем плех, веројатно нема да ви стигне смесата за бисквити, па затоа рецептот треба да се прилагоди на вашата тава/плех, а ова можете сами да го пресметате врз основа на наведените количини. Деталите погледнете ги ОВДЕ.