Ли-Ли и нејзината свекрва постојано се карале и таа атмосфера траела и никогаш не престанувала. Меѓусебно се навредувале, а она што целата ситуација уште повеќе ја отежнувало, е стариот к инески обичај по кој снаата мора да и‘ се покорува на свекрвата.




Многу одамна во К ина живеела некоја девојка по име Ли-Ли. Кога дошол клучниот час, таа стапила во брак и започнала нов живот заедно со својот сопруг и неговата мајка. Меѓутоа, приказната не била розова.




Набрзо открила дека чувствува големо нетрпение кој својата свекрва и дека не се сложува со нејзе. Многу се разликувале, а на снаата не и‘ се допаѓале многу од свекрвините навики.




Од друга страна, ниту свекрвата не била пресреќна со изборот на нејзиниот син, па често ја навредувала и ја критикувала својата новопечена снаа, која честопати ја нарекувала и туѓинка.




Така поминувале деновите, постојано во нетрпение и кавги, а овие две жени никогаш не престанувале да се караат и меѓусебно да се на-паѓаат. Меѓутоа, она што оваа ситуација ја влошувала дополнително, бил и стариот обичај кој налагал безусловна послушност на снаата.




Па така Ли-Ли била свесна дека мора да ги слуша наредбите на свекрвата, иако не се согласувала со неа. Секако, кутриот сопруг на Ли-Ли, поради целата ситуација бил многу разочаран и загрижен.




Најпосле, кога и последната капка ја прелила чашата, Ли-Ли решила да преземе порадикални чекори и еднаш засекогаш да ја реши целата оваа ситуација со нејзината свекрва.




Отишла кај билкарот кој бил стар пријател на татко и‘, му раскажала сè и му побарала некоја напивка со чија помош ќе се спаси од напорната свекрва. Билкарот молчел некое време, а потоа и‘ рекол:




„Ли-Ли, ќе ти помогнам да го решиш својот проблем, но мораш да се придржуваш до сите мои упатства и сè што ќе ти кажам“, на што девојката се согласила и ветила дека ќе постапи како што тој ќе и каже.




Билкарот и донел неколку видови на билки и и‘ објаснил дека тие немаат брзо дејство, туку треба да се даваат постепено, за никој да не се посомнева во неа. Исто така, ја посоветувал да биде пољубезна со свекрвата и секој втор ден да и готви најубави јадења. И рекол да не се кара повеќе со неа, за кога ќе дојде денот, никој да не се посомнева во неа.




Ли-Ли многу се израдувала, му се заблагодарила и ја започнала стратегијата на билкарот. Секој ден на свекрвата и варела чај од билките, и готвела најубави јадења и повеќе не се карала со неа. Се однесувала кон нејзе како кон својата мајка. После шест месеци ситуацијата дома драстично се променила.

Свеквата за ова време многу омекнала и кон нејзе станала многу пољубезна. На сите им кажувала дека има најдобра снаа во светот. Полека помеѓу нив се родила љубов. Ли-Ли повторно отишла кај билкарот, но овојпат да и даде лек за да ја спаси од билките кои досега и ги давала.

Тој само се насмеал и и‘ рекол: „Немаш причина за загриженост. Билките кои ти ги дадов се лековити и помагаат за подобрување на здравјето. Единствениот от-ров се наоѓаше во твоето срце, но сега тој го испра љубовта и љубезноста помеѓу вас двете“, објаснил мудриот билкар.