Погача мека како душа, без јајца, мека и следниот ден (ако ви остане)

Погачата без јајца е многу вкусна и следниот ден (ако случајно ви остане), не се суши и не се рони. Мирисна и мека како памук, за што делумно се одговорни млекото и јогуртот кои ги содржи. Рецепт на Верица Николиќ.




Потребни состојки: 350 г брашно, 1 лажица сув квасец, половина лажичка сода бикарбона, 1 лажичка шеќер, половина лажичка сол, 40 мл масло, 170 мл млеко, 100 мл јогурт




Постапка: пред подготвување оставете ги млекото и јогуртот на собна температура, да не се ладни, извадени директно од фрижидер. Во јогуртот ставете половина лажичка сода бикарбона.




Промешајте и оставете на страна да се активира содата. Тепсија или калап со величина од 24 см намастете ја со путер или пак, дното обложете го со хартија за печење, а страните намастете ги со путер.




Во еден подлабок сад ставете брашно, додајте шеќер, сол и сувиот квасец. Промешајте за да се изедначат состојките. Потоа додајте масло, млако млеко и јогуртот помешан со сода бикарбона.




Промешајте го тестото со лажица или цврста шпатула додека да добиете меко тесто. Истресете го на набрашнета работна површина и месете околу 2-3 минути. Ако е потребно, додајте уште малку брашно.




Треба да добиете меко и еластично тесто кое не се лепи на рака. Замесеното тесто формирајте го во вид на топка и префрлете го во средината од тепсијата или калапот во кој ќе ја печете погачата.




Покријте го тестото со проѕирна фолија и оставете го така на топло место да стасува додека да ја удвои својата големина. Рерната вклучете ја добро да се загрее на 180 степени.




Стасаната погача премачкјате ја со млеко, избоцкајте ја површината со чепкалка за заби (за да не распукува кората при печењето) и ставете ја во загреаната рерна да се пече околу 25-30 минути, односно додека да зарумени (проверете со чепкалка дали е готова).




Печената погача завиткајте ја во памучна кујнска крпа и оставете да се подизлади. Погачата никако не се сече со нож, туку кога ќе сакате да ја послужите, искршете ја со раце.




Многу е вкусна и следниот ден (ако ви остане), не се суши и не се рони. Можеби некој ќе праша зошто покрај квасец ставам и сода бикарбона. На тој начин погачата излегува многу помека и воздушеста. / Верица Николиќ.

Погача без јајца / Верица Николиќ
Погача без јајца / Верица Николиќ
Погача без јајца / Верица Николиќ
Претходна статијаДали и вас денес ве боли главата? Не сте единствени, а еве зошто е тоа така
Следна статијаСакала да се спаси од свекрвата, ама никој да не ја открие: Отишла кај билкар, а еве што се случило по шест месеци