Сабота пред ДУХОВДЕН: Задушница, кога гробовите се отвораат

Денот пред празникот Духовден, саботата, народот го празнува како “Дуовденска задушница”, “Дуовденски мртвен”, “Мртва сабота” и др.

Слично како и на другите денови кога е задушница, така и на овој ден, насекаде во Македонија, ги посетувале семејните гробови и раздавале за душа на починатите.

Карактеристично за овој ден е тоа што во минатото, но и денес, на гробовите оставале бардиња со вода.

Зоранчо Малинов наведува дека поради тоа во некои предели овој ден бил наречен и „Бардена задушница”, а додека во други предели оваа задушница била позната како „пролетна”, што е во врска co периодот кога се одржува.

Bo пределите во Македонски Шоплук на овој ден му претходело и чистење на гробовите co оревова шума.

Оревовите гранчиња, лисја и плодови имале голема улога во култот на мртвите, co подземниот свет и co предците, па затоа и им била припишувана посебна моќ.

Од тие причини во некои македонски предели ги ставале во алиштата за да ги заштитат од молци.

Loading...