Откога знам, мајка ми секогаш вака печеше цело пиле-не го менувам рецептот

Крцкаво, сочно, многу вкусно пиле

Потребни состојки:

1 цело пиле (моето беше околу 1,2 кг)
2 лажици мајонез
сол, вегета, ароматични суви болки

Постапка:

Пилето измијте го и исушете го со хартиена салветка.
Посолете го и зачинете го одвнатре и однадвор.

Во внатрешноста обилно ставете зачински билки (или втријте готов, купечки зачин за пилешко месо).

Однадвор целото пиле премачкајте го со мајонез во тенок слој.
Земете две големи парчиња алуминиумска фолија и ставете ги еден преку друг, како крст.

Ставете го пилето на фолијата, така да пилето биде свртено кон долу.
Завиткајте го така да пилето не е притиснато со фолијата, туку да има воздух внатре. Фолијата добро затворете ја за да не испаруваат соковите при печењето.

На ист начин постапете и со второто парче фолија. Внимателно пренесете го пилето во садот за печење.
Печете во загреана рерна на 220 степени околу 1 час.

Извадете го пилето, внимателно отворете ја фолијата (внимавајте на пареата, таа под притисок веднаш ќе излезе), истурете ја маснотијата и соковите во посебен сад, но не ја фрлајте (процедете и оставете за подоцна).

Пилето превртете го, така што градите сега ќе бидат горе, повторно завиткајте но само со еден слој фолија (вториот нека остане одоздола, но подвиткан) и вратете во рерна да се допече уште половина час.

Печеното пиле неодвиткано, ставете го исправено (како да седи) и оставете го така 15-20 минути.

Потоа одвиткајте го, исечете го и послужете, прелијте со сосот од печењето кое претходно малку сте го загреале.
Оние што имаат грил функција, можат 15-тина минути да го запечат пилето откако ќе го одвиткаат.

Loading...