Ружички од баклава – старинска пита која ќе ве освои со првиот залак

Потребни состојки:

10 листови тенка кора за баклава

150 г путер

70 мл масло

200 г мелени ореви

100 г сечкани ореви

150 г мелени бисквити +-

За шербет:

500 г шеќер

500 мл вода

1 ванилин шеќер

Постапка:

Путерот и маслото загрејте ги на тивко за да се растопи путерот. Соединете со мелените бисквити, мелените и сечканите ореви. Рерната загрејте ја на 180 степени. Соединете шеќер, ванилин шеќер и вода, па ставете на оган да зоврие. Кога ќе зоврие намалете ја температурата, па гответе околу 15 минути. Тргнете од оган и оставете да излади (не треба да биде ладен сирупот!)

На работна површина ставете го првиот лист кора, испсрскајте го со растопениот путер, па премачкајте со четкичка. Врз премачканата кора ставете втор лист, па и него премачкајте го со смеса од путер и масло, па наросете од мешавината со орев и бисквити. Поклопете со трета кора па повторете ја постапката.

Постапката повторете ја и со четврттата и петатта кора. Потоа свиткајте ги корите во ролат, па со остар нож сечете на парчиња со дебелина од 2 см. Редете во плех, премачкан со путер. На истиот начин пригответе уште еден ролат со 5 кори. Одозгора наросете со растопен путер.

Печете на 180 степени околу 30 минути.

Печената пита полејте ја со шербетот и оставете да излади. Послужете со кафе.

coolinarika.com