Руски лек за онколошки болести (тумор на кожа)

Овој лек го препорачува рускиот лекар Востоков за лекување на онколошки болести.

Потребни состојки:

500 г зелени оревчиња

500 г мед

500 г сок од алое вера

Постапка:

Оревите треба да бидат зелени, набрани пред 24 јуни.

Сите состојки се ставаат во тегла и се остава да стои 40 дена со повремено мешање.

Кога е готово може да се започне со лекување: 3 пати дневно по една кафена лажица пред јадење.

Ако се користи една година, може да се отстранат сите кожни заболувања, да се подобри работата на штитната жлезда, крвта се прочистува од токсини, а организмот од паразити, а може да се користи и кај парадентоза.

Кај лоши тумори на кожа се консумира и истовремено се мачка маст приготвена од преградите во оревот. Маста се приготвува на следниот начин:

Се собираат прегради од ореви колку може, па сета количина се меле во прав.

Добиениот прав се меша со вазелин или со свинска маст за да се добие фина маста. Со омаа маст се мачка заболеното место.

Loading...