Потребни состојки: 300 г компир, 300 г мелени бисквити, 200 г чоколадо, 140 г путер/маргарин, 200 г шеќер во прав, 1 лажица какао, 2 лажици рум, 1 лажица масло

Постапка: Сварете 300 г компир, потоа процедете го и испасирајте го, па додадете 100 г чоколадо, 100 г путер или маргарин (за посно) и соединете (од топлината на компирот и тие ќе се растопат).

Потоа додадете 300 г мелени бисквити, 200 г шеќер во прав, 1 лажица какао, 2 лажици рум (по желба, може и само 1 лажица). Од смесата формирајте колач-плоча, на табла или во калап. Јас ги правев поединечно на даска со помош на нож. Излегоа 45 штангли.

Оставете да излади и да се стегне. На пареа растопете 100 г чоколадо, 40 г путер, 1 лажица масло. Прелијте преку целиот колач одозгора или секое посебно парче натопувајте го во глазурата.