Потребни состојки:

500 г замрзнато лиснато тесто

Путер за калапите

1 јајце

За КРЕМ:

1 желатин

50 мл вода

500 мл млеко

1 пудинг со вкус на ванила

1 лажица густин

3 жолчки

150 г шеќер

1 ванилин шеќер

200 мл слатка павлака за шлаг

За поросување: шеќер во прав

Постапка за приготвување на ролничките:

Одмрзнатото лиснато тесто исучете го тенко на побрашнета работна површина, така да добиете 12 ленти (24 калапи).

Калапите за ролничките малку премачкајте ги со путер, па на секој калап завиткајте по една лентичка.

Вака приготвените ролнички наредете ги во плех обложен со хартија за печење. Премачкајте со разматено јајце и печете на 200 степени околу 20 минути.

Кога ролничките ќе бидат печени, додека се топли извадете ги од калапот и оставете да изладат.

За крем:

Желатинот ставете го во сад и прелијте го со ладна вода, па оставете да набубри барем 10-тина минути

Околу 400 мл млеко ставете во сад и оставете да зоврие. Пудингот со една лажица густин и 100 мл млеко добро измешајте да нема грутчиња.

Во друг сад ставете ги жолчките, шеќерот, ванилин шеќерот и добро пенесто измиксајте ги.

Во изматените жолчки додадете го разматениот пудинг со густинот и повторно добро промешајте. Полека додадете во врелото млеко со постојано мешање.

Добиената смеса ставете ја на оган и лесно мешајте додека да зоврие и да згусне. Тргнете од оган, додадете го набубрениот желатин и мешајте додека желатинот да се растопи.

Кремот оставете го целосно да излади па додадете цврсто изматена павлака во шлаг. Смесата ставете ја малку во фрижидер да се стегне.

Префрлете ја во вреќичка за украсување и со неа полнете ги ролничките.

Одозгора се поросуваат со шеќер во прав.

Recepti.com