Рецептот го добив од свекрвата на сестра ми, често го правам поради вкусот и брзата подготовка: гибаница

Потребни состојки:

500 г готови кори

350 – 500 г сирење

100 мл јогурт

100 мл газирана вода

4 јајца

100 мл масло

сол

Постапка:

Изматете ги јајцата, јогуртот и селата вода, малку посолете.

Во намастена тепсија ставете една третина од корите, но секоја кора посебно по малку испрскајте ја со врело масло.

Потоа ставете половина од сирењето, повторете ја постапката, повторно кори кои ги прскате со врело масло, па сирење и на крај третиот ред кори.

Гибаницата исечете ја на коцки со остар нож, па горната кора исто така испрскајте ја со врело масло и прелијте со смесата од јајца. Оставете некое време да впијат корите и ставете да се пече околу 35 минути на 180 степени, додека добие златно жолта боја.

Претходна статијаЧУДО НА БОГОРОДИЦА: Немо дете проговори, откако мајка му се поклони пред иконата
Следна статијаДАМИ: Ова се 7 знаци кои говорат дека нешто не е во ред и дека треба да посетите гинеколог