Слатки клементини или слатко од мандарини – Класичен рецепт за слатко од мандарини: 30 мали по величина мандарини се ставаат во тенџере, се прелеваат со вода да бидат прекриени и се додава една лажица сода бикарбона. Се става на оган и откако ќе зоврие се намалува умерено да врие 10 минути.

Мандарините се вадат со решеткаста лажица, а водата се фрла, па се повторува постапката уште еднаш. Потоа се прави сируп во тенџере од 1 кг шеќер и 3-4 чаши вода, да врие 5-10 минути, па во него се спуштаат мандарините, претходно избоцкани на неколку места и на умерено се варат еден час.

Пред крајот се става ванилин шеќер по вкус. Кој сака може да стави и лимонтус. Тенџерето се покрива со водена крпа, а слаткото се собира следниот ден во чисти тегли. Вака приготвените мандарини стануваат како локум, нивната лушпа омекнува и може да се јаде заедно целиот плод.

Освен како слатко можете да ги користите и за декорација или како составен дел од мафини, колачи и торти. А еве уште еден рецепт кој сигурно ќе ги воодушеви љубителите на ароматични деликатесни слатка. Рецептот е наречен “Слатки клементини”.

Во основа ова е класично слатко од мандарини/клементини, варени цели и зачинети со шеќерен сируп. Во теглите изгледаат многу декоративно, идеални се за подарок на ваши драги луѓе, а вкусот им е интензивно овошен и ароматичен, со фина нежна нота. Потребни состојки:

2 кг помали клементини, 1,5 кг шеќер, 1 литар вода, 500 мл бело вино, 2 каранфилчиња, 1 стапче цимет, по желба ко-њак, околу 50-100 мл или лозова ра-кија. Постапка: Растопете го шеќерот во водата на тивок оган заедно со сите зачини. Откако ќе зоврие варете околу 5 минути, па тргнете од оган и поклопете.

Клементините измијте ги добро со ладна вода, па секоја избоцкајте ја на неколку места или засечете ги од долната страна во вид на крст, за да може да навлезе сирупот во нив. Доколку користите домашни мандарини доволно е само да се измијат со ладна вода.

Но доколку слаткото го правите од купечки клементини, тогаш е најдобро да се проварат по 10-тина минути во вода во која сте додале лажичка сода бикарбона. Таа вода се фрла па се налева нова и така трипати. Внимателно спуштете ги мандарините во сирупот, ставете ги на оган додека да зоврие.

Потоа наламете го огнот за да може клементините да вријат околу еден час. На секои 15 минути превртувајте ги клементините за да може подеднакво да се варат во тие час време. После еден час клементината би требало да стане проѕирна, о овошјето меко. Притискајте го секој плод малку да се сплосне, така што од него ќе излезе малку сок, а ќе навлезе сируп.

Ова повторете го неколкупати, исклучете го огнот, покријте го тенџерето со влажна крпа и оставете да се лади преку цела ноќ. Следниот ден повторно загрејте до вриење, а потоа со решеткаста лажица вадете ги клементините од сирупот и полека редете ги во стерилизирани тегли.

Во оваа фаза додадете ко-њак или ра-кија во сирупот, промешајте, па прелијте го сирупот преку наредените мандарини. Готовото слатко оставете го најмалку 24 часа пред употреба, а вака приготвените мандарини можат да стојат неодредено долго време.

Со текот на времето мандарините малку ќе потемнат и сè повеќе ќе го впиваат сирупот додека да станат проѕирни и добијат малку потврда конзистенција. Можете да ги користите на разни начини, како декорација за разни торти и колачи, како состојка на популарниот божиќен пудинг или едноставно како десерт со кафе.

Доколку ве интересира, прочитајте и за ова: Кога ќе го прочитате ова, повеќе никогаш нема да ја фрлате кората од портокал – може да направите лековито масло. Обично портокалите ги лупиме, пулпата ја јадеме а кората ја фрламе. Меѓутоа, кората од портокалите имаат повеќе својства и корист отколку што може тоа да се замисли.

Идеално би било кога би можеле да имаме домашни портокали или да купиме органски плодови. Меѓутоа, доколку не можете да пронајдете органски портокали, оние што ќе ги купите внимавајте да имаат цврста кора, измијте ги добро со ладна вода, а потоа закиснете ги во раствор од сода бикарбона и јаболкова киселина.

Раствор: на една чаша вода се става една лажичка сода бикарбона и една лажичка киселина. Исто така, можете да ги закиснете преку цела ноќ во солена вода за да им се извлече горчината. Голем број од нутриентите се складирани токму во кората на ова овошје.

Во кората на само еден портокал има 60 различни флавоноиди и 170 други нутриенти кои се одлични за вашето здравје, за нега на кожата, но може да се искористи и во домаќинството. Кората од портокалот има својство да ги подобрува дигестијата и метаболизмот, ја намалува подуеноста на стомакот и грчевите, а помага и да се исфрлат остатоците од екскрементот.

Покрај тоа, се користи и за ублажување на мачнини. За таа намена, се масира стомакот со раствор од ова масло, со кружни движење околу папокот. Може да се користи и како експекторанс за разбивање на густата и леплива слуз и намалување на кашлицата.

Во бањата за инхалација се додаваат неколку капки или лажички од ова масло. Растворено се мачка на лицето во предолот на слепоочниците и веѓите. Ако се додаде во вода со сол, може да се прават гаргари за плакнење на усната шуплина со што се лекуваат непцата и афтите, како и разни воспаленија на грлото.

Главните лековити својства се должат токму на етеричното масло кое се содржи во самата кора. Етерично масло од портокал можете да купите во аптека, но можете да си направите и дома. Етеричните масла е многу полесно да се направат во домашни услови отколку што тоа можеби вам ви се чини.

Ова масло има благопријатни својства. Може да се користи против анксиозност, стрес, за лошо варење на храната и лекување на запек, како и за подобрување на циркулацијата и метаболизмот. Имаме два рецепти за приготвување на масло од портокал.

Првиот рецепт содржи во-дка а вториот се приготвува со маслиново масло. Етеричното масло што се купува аптека се добива со механичко цедење на кората и ова масло се користи на следниот начин: 3-5 капки се раствораат во 30 мл растително масло или вода и не е за орална употреба.

Може да се плакне усната шуплина, да се мачка на кожа и да се додава во разни козметички средства. По нанесување на кожа не смее да се изложува на сонце. РЕЦЕПТ 1 – Потребни состојки: Кора од портокал и чист ал-кохол или во-дка. Постапка: Целата постапка трае околу 15 денови.

Откако сте ги измиле добро портокалите (клементини, мандарини…) излупете ги а нивната кора наредете ја во некоја чинија и оставете да се сушат на воздух. За ова сушење е потребна една седмица. Откако кората се исушила ставете ја во блендер да се сомеле на ситни (не премногу ситни) парчиња.

Ставете ја кората во тегла и прелијте ја со во-дка, затворете и неколку пати добро протресете за да се активираат и ослободат аромите. Оставете вака да отстои неколку денови со повремено протресување. Потоа процедете низ филтер за кафе или двојна газа и складирајте во чиста тегла.

Теглата затворете ја со газа или со филтер за кафе за да може да испари алкохолот. Потоа ако сакате можете уште еднаш да ја процедите течноста и да ја складирате во мали шишенца. РЕЦЕПТ 2 – Потребни состојки: 3 портокали и 200 мл маслиново масло. Постапка:

Свежата кора од портокал исечкајте на тенки ленти. Ставете ги во стаклена тегла и прелијте ги со маслиново масло околу 200 мл. Маслото би требало целосно да ги покрие корите. Добро затворете ја теглата со капак и оставете на темно место да отстои 3 дена.

После овој период, теглата ставете ја на водена пареа 30 минути. Изладената смеса внимателно процедете ја низ двојна газа, за да биде маслото чисто и проѕирно без талози. Маслото е готово и можете подолго време да го чувате во стаклена тегла. Ова масло може да се додава во различни козметички креми и маски за лице, бањи, за масажа и нега на тело, како ароматерапија и слично.

МАСЛОТО ОД ПОРТОКАЛ: го подобрува имунитетот, содржи природни антибактериски својства, ако се раствори може да се користи во домаќинството за чистење, ја подобрува циркулацијата, содржи анти-инфламаторно дејство, намалува болка и го подобрува расположението.

Исто така, ја штити кожата, ги лекува акните, поттикнува варење на храната, природно средство за испирање на устата и заштита на непцата, ги лекува афтите. УПОТРЕБА: Се разблажува со друго масло или вода. После употреба на кожа не смее да се изложува на сонце. Етеричното масло што се купува аптека се добива со механичко цедење на кората.