Рецепт за ПРОЈА кој секогаш успева, едноставно се приготвува, а вкусот е одличен

Фото и рецепт: Снежана Трајковиќ

ПРОЈА (Фото и рецепт: Снежана Трајковиќ)

Оваа проја ја приготвив за мајсторите кои ја прават фасадата на нашата зграда во која живееме, па бидејќи сум на приземје, потребна им е ладна вода за пиење, освежување со кафе и појадок… Ова е двојна доза за проја, ја печев во тавче бр.40 а во продолжение прочитајте кои состојки се потребни за една доза.

Потребни состојки:

4 јајца
½ шолја масло
½ шолја јогурт
1 шолја пченкарно брашно
1 шолја обично брашно
1 прашок за печиво
малку сол околу 1 лажичка
сирење по вкус, кој колку сака, околу 200 г за една доза
сусам за наросување одозгора
Јас користев шолја за кафе од оние браво црвените шолји, но може и поголеми.

Постапка:

Најпрво се матат јајцата со малку сол, а потоа се додаваат сите останати состојки. Се меша додека да се изедначи смесата и стане компактна. Ако случајно излезе многу густа додадете уште малку јогурт или млеко, но обично излегува перфектна по оваа мерка.

ПРОЈА (Фото и рецепт: Снежана Трајковиќ)

Се додава дробено сирење, се меша убаво и се излева во намастен плех, па се пече во загреана рерна на 220-200 степени околу половина час.

Одозгора можете да наросете сусам, а освен сирење можете да додадете и сечкан спанаќ, шунка кашкавал или нешто по важа желба.

ПРОЈА (Фото и рецепт: Снежана Трајковиќ)

ПРОЈА (Фото и рецепт: Снежана Трајковиќ)

Loading...